вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 149
home Хороскоп

Хороскопски знаци кои не ги бива за менаџирање пари

Хороскопски знаци кои не ги бива за менаџирање пари

Некои луѓе успешно менаџираат со своите примања и сметките секогаш им се навреме платени. Други трошат додека има, па после му ја мислат.

Овие вториве најверојатно припаѓаат на еден од четирите хороскопски знаци на кои менаџирањето пари не им не најјака страна.

ВАГА

Вагите обожаваат шопинг и неретко им се случува да потрошат сѐ до последен денар и тоа на работи што воопшто не им се потребни. Многу често непромислено ги трошат парите и речиси секој крај на месец се на работ на банкрот. Онлајн шопингот е најнова опсеасија за Вагите и така уште понезабележливо им се празни сметката.

СТРЕЛЕЦ

Кога е во прашање излегување со друштво. Стрелците не знаат за штедење. Тие парите ретко ги трошат на себе – сакаат да почестат, не прашуваат колку е сметката. Ова можеби звучи великодушно, но се ставаат во трошоци и за луѓе кои ги гледаат само како човекот кој ќе ја плати сметката на крај.

ЛАВ

Лавовите се поделени во однос на тоа на кого ги трошат парите. Најчесто си се разгалуваат самите, го сакаат само најдоброто и го купуваат без разлика дали може да си го дозволат или не. Импулсивни купувачи се и потоа ги гризе совеста, но нема да признаат. Но, и за луѓето кои ги сакаат и им се блиски го одврзуваат ќесето и не прашуваат за сумата.

БЛИЗНАЦИ

Спонтани се и многу често неодговорни. Најчесто не знаат кај им отишле парите и колку и да заработат, пак се без пари. За среќа, многу се способни и снаодливи и не се материјалисти, па немањето пари не им паѓа многу тешко. Можат да поминат и со малку и знаат дека за кратко време ќе имаат пак некој денар.

извор: kajgana.com