понеделник, 27. септември 2021. Вести денес: 1
home Хороскоп

Хороскопски знаци кои најтешко се вљубуваат

Хороскопски знаци кои најтешко се вљубуваат

Ако сте родени во еден од овие три хороскопски знаци најверојатно имате фобија од љубовните врски и најтешко се вљубувате, за разлика од останатите.

Лав

Луѓето родени во знакот Лав веруваат само на една личност: на самите себеси. Иако луѓето ги сметаат за самоуверени и лесно стекнуваат нови пријатели, припадниците на овој хороскопски знак се плашат од емоциите. Тие се плашат некој да не им го скрши срцето и затоа најтешко се вљубуваат.

Девица

„Што ако тој се гледа и со други жени?“ или „Што ако не му се допаѓам како тој мене?“ – Девицата вака го анализира партнерот и се плаши да не се вљуби. Во главата ѝ се вртат сите овие сценарија и тоа ја спречува да си го послуша срцето бидејќи исто така се плаши некој да не се игра со нејзините чувствува.

Стрелец

Сакаат да флертуваат, но не сакаат веднаш да влезат во сериозна врска. Во моментот кога ќе сфатат дека имаат чувства кон партнерот, им се враќаат негативните искуства од претходните врски и се плашат да не им се случи истото. Затоа им треба партнер кој е опуштен и забавен и со кој ќе се чувствуваат безгрижно и слободно.

Коронавирус