среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Хороскоп

Хороскопски знаци кои најтешко ги поднесуваат љубовните кризи

Хороскопски знаци кои најтешко ги поднесуваат љубовните кризи

Раскинувањата на љубовните врски, дури и на лична иницијатива никогаш не е лесен и безболен, но некои хороскопски знаци исклучително тешко тоа го поднесуваат.

Љуѓето родени во земјените и водени знаци раскинувањето го доживуваат како личен пораз и потребно им е многу време да се опорават.

РАК

Тие многу длабоко го преживуваат секое губење, а особено заминувањето на партнерот, па крајот на љубовната врска за нив е многу болен. Во принцип тие веруваат дека нивната љубов ќе трае до крајот на животот и ќе страдаат доколку тоа не се исполни. Осамените Ракови долго ќе плачат во друштво на музиката и стиховите кои ги потсетуваат на деновите од љубовната идила. Потребно им е многу време да ја прифатат состојбата и да станат подготвени за нови искуства и нов ризик.

РИБИ

Сентименталните Риби веруваат во вечна љубов, па секое раскинување нив ги шокира. Подготвени се да претрпат многу поради љубов, па понекогаш и се понижуваат. По раскинување на врската не ја кријат тагата, туку им се жалат на пријателите надевајќи се дека тие ќе им потврдат колку е страшна ситуацијата во која се нашле. Креативна работа може да им помогне во ваков период.

ЈАРЕЦ

По раскинувањето ќе се однесуваат како се да е во најдобар ред бидејќи не сакаат никој да ги сожалува, но длабоко во себе ќе страдаат. Не влегуваат во врска лесно, па ако им се случи љубовен дебакл, знаат да бидат трауматични. Ако некого засакаат подготвени се да се борат за врската и секој прекин го доживуваат како пораз. Во тешки моменти ќе се затрупаат со рабпта или учење за да си го одвлечат вниманието од љубовните проблеми. Долго време им е потребно да помине за да можат повторно да некого да му се доверат.

ВАГА

Најдобро егзистираат како дел од пар и прекинувањето на врска им е стресно и болно искуство. Оставените Ваги се чувствуваат тажно и скршено, како да им се срушил целиот свет. На почеток се обидуваат да го наговорат партнерот да се премисли, па делуваат малку очајно. Сепак тагата не ги држи долго. Луѓето родени во овој знак имаат моќ на емоционална регенерација и прилично брзо се враќаат на „љубовниот пазар“.