недела, 22. септември 2019. Вести денес: 37
home Хороскоп

Хороскопот открива дали вашиот живот е борба или бајка

Хороскопот открива дали вашиот живот е борба или бајка

Понекогаш имаме чувство дека ѕвездите им се повеќе наклонети на едни луѓе, отколку на други. Тоа во голема мера зависи од датумот на раѓање и хороскопскиот знак.

Овен

Иако е огнен знак, Овенот во својата животна борба ужива како риба во вода бидејќи сака предизвици, неочекувани пресврти и натпреварувања и тоа со оние кои би сакале да влезат со него во таквата борба. Колку повеќе некој се обидува да го совлада или скрши импулсивниот Овен, тој толку повеќе ќе биде претпазлив и ќе се обидува да најде начин да возврати  и да излезе како победник. Ако не успее во прва, тоа воопшто не го обесхрабрува и тој продолжува понатаму.

Бик

За Биковите може да биде и едното и другото. Родените во овој знак веруваат дека животот е убав и дека во него треба да се ужива, но кога не е така, едноставно да се пребродат најтешките моменти. Поради таквите особини, Бикот успева да се бори и да создаде бајковит амбиент за себе и оние кои ги сака, бидејќи тогаш е вистински мотивиран. Кога ќе падне во финансиска криза, тој тоа радо би го преспал, но наместо тоа се бори и наоѓа решение.

Близнаци

За нив животое е игра, па така интелигентните Близнаци танцуваат низ животните бури мошне вешто. Тие се како мачка која секогаш паѓа на своите четири нозе. Близнаците умеат да го направат животот така што околина ќе им се восхитува, а многу пресметано и без многу напор знаат да се изборат за својот дел од колачот, без оглед на тоа дали станува збор за работата или љубовта. Во суштина, Близнаците се плашат од неуспех, но тој страв го прикриваат со вродената духовитост.

Рак

Тие се големи комформисти и се борат нивниот живот да биде вистинска бајка. Умеат да се скријат кога е густо или да се заинатат и гордо да туркаат напред. Ним секогаш некој им помага во животот, па зошто би се мачеле самите? Сè додека имаат поддршка од блиските, немаат ни намера да се борат во животот.

Лав

Детинестите Лавови сакаат бајки, а всушност и знаат да се борат како вистински витези, рамо до рамо со родените во знаците Овен, Шкорпии и Јарците. Тешко дека некој ќе ги надмудри и победи и дека ќе биде подобар од нив, бидејќи ти се создадени да владеат со другите и се подготвени на голмеи одрекувања, за да дојдат до тоа што им е главна цел во животот, најчесто поврзано со некаква позиција. Но, кога еднаш ќе успеат, никој не може да ги симне од нивниот трон.

Девица

Родените во овој знак точно знаат што сакаат и како да се изборат за тоа. Тие знаат дека убаво е да се сонува, но не гледаат никаква корист од тоа. Размислуваат само напред и се обидуваат да ги предвидат сите можности, и сето она со што би можеле да се соочат. Бидејќи не сакат иненадувања, често ги фаќа бес или немоќ ако нештата излезат од контрола.

Вага

Животот за нив е борба во која вешто се снаоѓаат, пред сè поради врските и контактите кои ги имаат со влијателни и угледни личности. Бидејќи Вага сака да доминира и да зема од животот сè што ќе посака, подготвена е на компромиси и одрекувања, но сето тоа зависи од ситуацијата. Тие често „ги мешаат лончињата“, па со срце влегуваат во работните ситуации, а со разум во љубовните бајки.

Шкорпија

Самоуверената Шкорпија точно знае што сака од животот и како да го добие тоа. Таа постојано истражува и бара нови начини за борба. Ја наметнува својата волја на другите, бидејќи е свесна за себе и своите можности, па генерално таа ги држи сите нешта под контрола. Како еден од најголемите борци во хороскопот, таа студено и ладнокрвно реагира во неочекуваните ситуации, бидејќи знае дека секогаш е во право. Родените во овој знак не ги откриваат своите намерни и секогаш е чекор понапред од другите.

Стрелец

Амбициозен и љубопитен, Стрелецот секогаш се води од својот разум и логика, но бидејќи често знае и да сонува и да верува во бајки, понекогаш губи контрола над нештата, живеејќи во сопствен свет. Сепак, бидејќи највеќе ја цени својата независност, брзо се враќа на патот кој си го зацртат и смело влегува и во ризичните ситуации. Ако доживее пораз, брзо се опоравува и продолжува понатаму.

Јарец

Контрадикторниот Јарец е посвесен за своето знаење отколку за себе како личност што е факт што многу го успорува во животот. Но, бидејќи е многу амбициозен, подготвен е да работи напорно и да поднесе многу товар за да го добие заслуженото признание. Борбата е составен дел од неговиот живот, па со што и да се занимава, тој е успешен. Но, целиот живот сонува за голема и романтична љубов, која често не ја доживува поради неговиот страв од разочарување и разоткривање на неговата личност.

Водолија

Дрската и независна Водолија смело чекори низ животот, не плашејќи се од никого и ништо, освен од губењето на нејзината независност и давање сметка на другите. Иако не би можело да се каже дека родените во овој знак сакаат да шефуваат, сепак тие често се наоѓаат на многу одговорни позиции на работа бидејќи мошне успешно знаат да ги презентираат своите идеи. Водолиите сакаат да ризикуваат и се наоѓаат во романтични ситуации од кои создаваат вистински бајки.

Риби

Флегматични, но амбициозни Рибите умеат да бидат прилагодливи и практични, најчесто поради својата заработувачка, па вешто се пробиваат на било кое работно место, дури и на оние места кои не ги интересираат претерано. Иако многу сонуваат, ретко им се дава шанса да работат нешто за што имаат голем талент или дарба, но во љубовта мошне често им се случуваат ситуации како од бајките.