четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 162
home Хороскоп

Хороскопот има одговор зошто луѓето раскинуваат со вас

Хороскопот има одговор зошто луѓето раскинуваат со вас

Понекогаш нештата тргнуваат одлично, љубовта изгледа како бајка, а потоа вашето срце е скршено бидејќи другата страна одеднаш решава дека е крај. Хороскопот има одговор зошто луѓето раскинуваат со вас.

Овен

Ставате голем акцент на тоа да бидете независни авантуристи и постојано трагате кон исполнувањето на сопствените цели, така што заборавате дека често врската е составена од двајца луѓе. Правите другата страна да се чувствува како да е на дното на вашата листа на приоритети, а за нив е тешко да разберат како функционирате.

Бик

Вие сте топла личност и обожавате да сте во врска, но понекогаш претерувате со вашата љубомора. Често не ја знаете границата меѓу грижата и љубовта за саканата личност и многу лесно тоа преминува кон љубомора која е несфатлива за другата страна. Понекогаш ќе се потрудат да ви го посочат тоа, но тешко ви е да се извините и продолжувате. Тоа е и причината зошто раскинуваат со вас.

Близнаци

Имате голем проблем ако мислите дека луѓето ќе ве сакаат само поради тоа што сте интересна личност која е постојано среќна. За вас не е проблем да ги привлечете луѓето кон себе, но проблемот настанува кога треба да ги задржите до себе бидејќи никако не знаете да сте сериозни. Никогаш не ја покажувате својата ранливост и едноставно делувате како воопшто да не ви е грижа за врската.

Рак

Вие одлично го читате својот партнер, но постојано го менувате своето расположение и тие не можат да ве прочитаат вас. Имате голем проблем кога треба да зборувате за своите чувства, грижи, потреби и фрустрации. Наместо смирено да им објасните што ви се случува или што ве повредува, вам ве снемува од нивниот живот и тие не знаат како да се носат со тоа.

Лав

Иако знаете многу да сакате и да бидете прекрасна личност кога сте во врска, понекогаш претерувате со тоа што постојано мора да сте главни и да ги контролирате оние кои ги сакате. Сакате да ги мерите нештата, да добивате онолку колку што давате, и сакате вашата сакана личност да ја заборави секоја мала или поголема грешка што ја имате направено. Треба да научите како да бидете во врска, а не натпревар со личноста која ја сакате.

Девица

Вие на сите нешта гледате со логика и практичност, а често знаете и самите да си застанете на својот пат поради желбата за перфекционизам. Знаете да бидете претерано критични кон својот партнер и да се грижите за сите мали нешта во врската, што ќе ги извади од такт на крајот.  Заборавете на вашата опседнатост со деталите, тоа само ќе направи да изгубите оние кои ги сакате.

Вага

Вам ви е некако тешко да преземете сопственост на врската. Сите сакаат опуштена, релаксирана и оптимистична личност како што сте вие, но понекогаш претерувате со таквото однесување бидејќи изгледа како воопшто да не размислувате за иднината и како да ќе си заминете секој момент.  Врските бараат работа, посветеност и многу напор.

Шкорпија

Кога сте во врска, вие сте страствена сила. Отворени сте, возбудени и тоа е одлично. Но, морате да научите дека луѓето не сакаат на истиот начин како и вие. Заборавете на потребата постојано да ги контролирате сите нешта во врската и вашиот партнер, бидејќи тоа многу ги плаши оние кои сакаат иднина со вас.

Стрелец

Во љубовта вие се однесувате пијано. Претерано се заљубени и ендорфините ви полудуваат. Но, со тек на време треба да научите дека секоја врска сака солидна основа, сигурност и малку побавно функционирање. Секогаш кога ќе стигнете до таа фаза, станувате збунети за тоа што се случува и некако како да не сакате да вложите ни најмал напор. Разберете дека секој ќе замине ако се однесувате како да не знаете што сакате.

Јарец

Треба да бидете помалку структурни околу љубовта. Посветеноста и ексклузивноста се убави и интересни, но штом ќе почнете да гледате на љубовта како на проект на кој треба да работите, другата страна ја фаќа страв. Бидете малку поспонтани и оставете ги нештата да се случуваат сами од себе. Престанете да ги контролирате сите нешта, така само ќе ги исплашите луѓето.

Водолија

Важно е да ја зачувате својата независност и индивидуалност кога сте во врска, но вие како да претерувате во тоа. Повеќе се фокусирате на тоа, отколку на правењето напор врската да успее. Тоа само ви ги намалува шансите да бидете со личност која ќе ве сака и почитува, бидејќи сите ќе избегаат од вас, кога се однесувате како да бегате од нив.

Риби

Треба да се ослободите од идеализирањето на љубовта и вашите очекувања дека сите нешта функционираат на еден конкретен, сложен начин. Сите се заљубуваат на различен начин и секоја врска функционира различно. Фокусирајте се на добрите нешта кај личноста која ви се допаѓа наместо на тоа како треба да изгледа совршената врска.