сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хороскоп

Хороскопот и кариерата: Овните родени лидери, Стрелците се едни од најдобрите работници

Хороскопот и кариерата: Овните родени лидери, Стрелците се едни од најдобрите работници

Како за останатите аспекти од нашиот живот, така хороскопски знак влијае и на работите поврзани со вашата кариера.

Овен

Претставниците на овој знак се родени лидери и за нив е најлесно да влеат авторитет или пак да бидат строг шеф. Тие имаат силни вештини кои се неопходни за успех. Нивната лоша страна е што често започнуваат многу проекти, но не го завршуваат секој од нив. Но, доколку до себе можат да најдат добар, поддржувачки тим на пријатели или колеги, тие можат да постигнат брилијантен успех.

Иделната кариера за нив вклучува работа поврзана со натпреварување или физичка активности. Тие можат да бидат одлични спортиси, лични тренери, па дури и да работат за спортски клуб. Со оглед на тоа дека ја сакаат контролата, врвните водечки позиции како генерален директор или менаџер на високите нивоа се одлични за овој знак.

Бик

Како работници, Биковите се приземјени и практични што ги прави идеални вработени и како лидри, но и како следбеници. Сепак, тие се природно предодредени да ги водат останатите, а нивната напорна работа и посветеност им помага да бидат и одлични тимски играчи, ако се одземе нивната тврдоглавост.

Со оглед на тоа дека се еден од најработиливите и посветени знаци, нивната идеална кариера е поврзана со работа која бара посветеност и напор. Тие можат да работат како цвеќари, во работа со храна и луксузни продавници. Тие се одлични и со парите и како советници и затоа би биле добри банкари и финансиски менаџери.

Близнаци

Близнаците одлично функционираат во брза и стимулирачка средина која нуди многу можности, голем број на луѓе и динамична средина. За нив е само важно да не бидат заглавени во монотона и рутинска работа. Сè останато ќе ги направи среќни.

Идеалната кариера за нив лежи во образованието и комуникациите, бидејќи тие одлично можат да го пренесат своето знаење до другите. Тие се ментално многу активни и уживаат во динамичната работа и можат да постигнат многу голем успех и во работата со невладини организации и односи со јавност.

Рак

Тие се најтрадиционалниот и најгрижливиот знак во хороскопот. Тому затоа, тие одлично се справуваат со водење на тимови и одговорност. Со оглед на тоа дека се многу грижливи, претставниците на овој знак се одлични во работа која е поврзана со давање грижа и совети, со оглед на тоа дека тие вистински се грижат за среќата на другите. Раковите не се снаоѓаат на работни места каде не можат лесно и брзо да ги забележат резултатите од својата работа и затоа треба да ги избегнуваат ваквите работи.

Идеалната кариера за нив вклучува работа како социјални работници, работа со деца. Тие се одлични и на полето на правото, човечките ресурси, здравјето и образованието.

Лав

Лавовите обожаваат да бидат центар на внимание, но не секогаш и по секоја цена. Тие повеќе сакаат да ги инспирираат другите. Токму поради тоа, образованието и политиката е најдобри за нив. Тие исто така можат да бидат и одлични менаџери и шефови, бидејќи секогаш се обожавани од нивниот тим. Претставниците на овој знак често бараат многу од другите и се многу посветени на работата, но штом ги освојат останатите членови на тимот, можат да постигнат многу.

За нив идеалната кариера лежи во образованието и политиката, но и во забавувањето на другите- глума, музика, филмови, театар, а можат да бидат одлични и во костимографијата. Исто така, лавовите се одлични лидери и многу често се наоѓаат на врвот на многу фирми и компаниии.

Девица

Тие се перфекционистите кои одлично функционираат во служба за другите. Девиците се родени следбеници, а како шефови се многу практични и заштитнички настроени. Понекогаш се многу строги кон себеси и тоа многу повеќе од другите знаци и затоа им треба поддршка и укажување од другите да не претеруваат. Тие се идеални вработени. Со оглед на тоа дека можат да запаметат секакви детали, а се и големи перфекционисти, Девиците можат да работат со голем куп на информации и знаат како да се справат со емоциите и емотивноста на другите.

Затоа, нивната иделна кариера е поврзана со помош и грижа за другите. Тие можат да бидат одлични адвокати, терапевти, истражувачи, но и детективи.

Вага

Вагите уживаат во работата со луѓе и многу лесно се вклопуваат во различни средини. Тие се одлични во спојувањето на луѓето во тимови, а се и одлични медијатори во и надвор од работното место. Овој знак на балансот ги разбира и мотивира луѓето и секогаш е еден од омилените членови на секој тим.

Идеалната кариера за нив е поврзана со право, спроведување на правото и генерално сè што е поврзано со правдата. Поради нивните карактеристики тие можат да бидат и одлични дипломати, асистенти, преведувачи, продавачи и брокери.

Шкорпија

Со оглед на тоа дека никој не може да чува тајни како Шкорпиите, тоа може да биде одлично за кариера во работа која бара многу дискреција. Тие можат да работат како детективи и истражување, дипломати и преговарачи или пак во средување на доверливи документи и информации. Претставниците на овој знак наоѓаат и голем предизвик да истражуваат, но и во работата поврзана со кривични дела и медицина.

Во таа насока, за нив идеалната кариера може да биде во областа на управувањето со кризи, хирургијата, а поради својата таинственост тие би биле и одлични тајни агенти. Исто така се одлични и во логистика и финансии.

Стрелец

Стрелците се едни од најдобрите работници бидејќи тие одлично комуницираат со останатите, ги инспирираат другите, се посветени и трудољубиви работници и се многу приспособливи кон промени. Или во превод: тие можат да бидат добри во секоја работа, сè додека не се ограничени од строги правила и хиерархија.

Со оглед на тоа дека сакаат да патуваат и да учат од другите, за нив идеалната кариера може да биде во областа на патувањето. Тие можат да бидат и одлични учители, младински работници или пак да работат во невладини организации.

Јарец

Јарците се сериозни, прагматични и организирани, но никогаш досадни. Тие имаат одлична харизма и ентузијазам за да водат тимови. Претставниците на овој знак не се плашат од авторитет, тие знаат дека со напорна работа, амбиција и посветеност можат да стигнат до врвот. Но, тие се многу посветени на работата и понекогаш ги занемаруваат останатите аспекти.

Идеалната кариера за нив вклучува работа како менаџер, администратор, но и во производство. Тие можат да бидат и одлични инжињери, архитекти и дизајнери, бидејќи обрнуваат многу внимание на деталите.

Водолија

Претставниците на овој знак имаат вистински и слободен дух. Но, ќе погрешите доколку помислите дека тие се мрзеливи работници. Напротив, тие се оние луѓе во тимот кои се посветени и кои имаат отворен и креативен начин на размислување. Водолиите се друштвени, но понекогаш уживаат во самотијата и можат да остават впечаток дека не ја сакаат работата во тим. Тие се оние кои секогаш ги имаат најдобрите идеи, но идеи кои на почетокот се прифатени како лоши или неиздржани. Токму поради тоа, водолиите некогаш се неразбрани и несфатени од останатите, но тоа не треба да ги спречува во креативното и лудо размислување.

Најдобрата кариера за нив лежи во науката и технологијата, графички дизајн или фотографија, па дури и проектен менаџмент. Тие исто така, можат да бидат и идеални претприемачи или независни архитекти, со оглед на тоа дека ја мразат корпоративната култура и најдобро работат по сопствен распоред.

Риби

Рибите се флексибилни на работното место и многу често се трудат да го дадат најдобро од себе, наместо да се докажат пред останатите. Тие можат да бидат добри во многу професии, но најсреќни се кога ќе најдат работа која е поврзана со нивната чувствителна и интуитивна страна.

Нивната идеална кариера е поврзана со здравството и грижата за другите. Тие можат да бидат одлични доктори, психолози, терапевти. Поради нивната чувствителна страна, Рибите се и одлични уметници, а можат да се пронајдат и во танцот и музиката.

Коронавирус