четврток, 24. јануари 2019. Вести денес: 74
home Хороскоп

Хороскоп за запознавање нови луѓе во 2019

Хороскоп за запознавање нови луѓе во 2019

Годината зад нас беше турбилентна во секоја смисла, па и по прашање на астрологијата. Тоа ќе се смени во тековната 2019-та.

Венера и Марс ќе бидат со силно влијание цела година, што ќе донесе позитивни околности и искуства на љубовен и сексуален план.

ОВЕН

Главниот фокус на припадниците на овој знак ќе бидат самите, нивните кариери и патувањата. Тоа значи дека веројатно нема да имаат многу време за запознавање, но ќе имаат многу нови искуства. Доколку сакате баш да запознаете некој, тоа треба да се обидете да го направите на почеток на годината или во август.

БИК

И претходната година требаше да биде важна за Биковите, но оние кои не ја пронајдоа љубовта би можеле тоа да го направат сега. Се предвидува дека ќе биде изненадно, неочекувано и силно искуство за двете страни. Важно е само да бидете свесни што добивате и давате во љубовта.

БЛИЗНАЦИ

Веќе со години работите на себе и тоа конечно ќе ви се исплати, бидејќи е многу веројатно дека ќе запознаете некој со кој можеби и ќе останете засекогаш. Јупитер ќе биде на ваша страна и тоа не се однесува само на запознавање на нови луѓе, туку и на носење на постоечките на следно ниво.

РАК

И за вас е на ред награда за целиот труд кој го вложивте во себе во последно време. Три клучни датуми на кои треба да внимавате се 5 јануари кога некоја врата ви се отворила, што ќе кулминира на 16 јули, а уште еден отворен пат ве чека на 26 декември.

ЛАВ

Веројатноста за да запознаете некој е многу висока, но тоа се зависи од одредени промени во вашиот живот. Можеби ќе треба малку да се прилагодите кон се, но секако треба да очекувате добра година. Слободно опуштете се, излезете и блеснете во најдоброто светло.

ДЕВИЦА

За да дојдете до ново и вредност познанство, треба да бидете отворени во врска со желбите и намерите. За доволно ниво на хармонија, треба да го слушате срцето и да пуштите тоа да ве води. Треба да обрнете внимание на истите датуми како и Ракот, со дополнително и на 30 август.

ВАГА

Помали шанси за нови познанства ќе имаат родените во втората половина на овој знак, а севкупно ќе мора да работат на тоа што навистина сакаат од животот. Датуми кои се многу важни се 21 март и 19 април, кога може сешто да се случи.

ШКОРПИЈА

Јупитер ви донесе среќа минатата година, а сега е време за финансиско освежување. Тоа не ја исклучува љубовта, а два најважни датуми се 6 март и 4 мај. Само треба да верувате во тоа дека може да се случи и ќе се случи.

СТРЕЛЕЦ

Мора самите на себе да си поставите цели и да знаете што сакате, за да може тоа и да се оствари. Многу брзо ќе запознаете некој со кого ќе се поврзете на повеќе нивоа, но за да пеминете во врска треба двајцата да сте отворени околу своите планови и желби.

ЈАРЕЦ

Оваа година од вас ќе бара да ја „вработите“ способноста за долгорочно планирање за да ги остварите замислените цели. Околу 2 јули ве чека исклучителен момент во врска со партнерските односи, а цела година ќе ви донесе судбинска промена на која треба да бидете подготвени.

ВОДОЛИЈА

Не очекувајте ја судбоносната средба со вистинската личност, но нови познанства се загарантирани. Тоа не значи дека нема да имате забавна година и дека не треба да го искористите сето она што таа ќе ви го донесе. Може наместо партнерство ќе пронајдете нови и интересни пријатели.

РИБИ

Оставете ја својата сонувачка карактеристика на страна, за да може точно да процените што ви носи годината, па можеби ќе се поврзете со некој на вистински начин. Периодот од средината на август до крајот на септември е одличен за запознавање нови луѓе, веридби, свадби, па искористете го тоа.