петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хороскоп

Хороскоп за секоја мајка: Проверете во која група на мајки се наоѓате!

Хороскоп за секоја мајка: Проверете во која група на мајки се наоѓате!

Начинот на кој мајката се изразува себеси е различен, од личност до личност, но астрологијата може да ви помогне да разберете некои ваши ставови и постапки кон децата.

Ако сте родени во знакот на Рак, веројатно сте „мајка -квачка“, хиперпротективна кон вашите деца. Ако сте Риба, тогаш сте мајка-уметник, но често при појава на проблем во комуникација со детето, оставате друг да го реши проблемот наместо вас. Ако сте пак, родени под знакот на Бик, преамбициозни сте и премногу барате од вашите деца…

Во продолжение, проверете каква астролошка мајка сте вие.

Во принцип, мајките кои припаѓаат на земјените знаци (Бик, Девица и Јарец) се многу конкретни,  реални и способни за управување со семејниот живот и со задачите на нивните деца. Најчесто се многу амбициозни, доста бараат од своите деца кога е во прашање образованието, знаат да бидат и строги.

Мајките родени под воздушен знак (Водолија, Вага и Близнаци), од друга страна, обично се повеќе слободни и ментално отворени. Забавни се, речиси и не се лутат и не ги караат своите деца, туку се пријателски расположени кон нив. Повеќе инсистираат своите деца да ги научат како да бидат независни личности кои размислуваат со своја глава, отколку да бараат од нив петки.

Мајките родени под знакот на огнот (Лав, Стрелец и Овен) се импулсивни, но крајно дарежливи, позитивни и енергични. Затоа, и од своите деца бараат брзина, енергичност и исполнителност, а акцентот на образованието го ставаат на учење на странски јазици, но и на спорт. Знаат да го подигнат гласот, но брзо простуваат на детските грешки.

Мајките родени под знакот на водата (Риби, Скорпија и Рак) се исклучително чувствителни, непостојани и склони да ја изразуваат својата креативност на своите деца, насочувајќи ги и нив кон уметничките вештини. Не знаат да се лутат, но знаат да се повлечат и проблемот да го префрлат на решавање на таткото или друг близок член на семејството. Важат за најтопли мајки во Зодијакот.

Извор: СлободенПечат