четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Хороскоп

Хороскоп: Што сакате, а што ви е потребно во љубовта?

Хороскоп: Што сакате, а што ви е потребно во љубовта?

Понекогаш сакаме едно, но потребно ни е нешто друго во животот.

Ако сме збунети на оваа тема, хороскопот може да ни помогне. Како да ги разграничиме своите желби и потреби?

Овен

Сакате драма, односно личност која постојано бара да се ангажирате околу неа и која ве држи будни и активни. Тоа ви дава чувство на интензитет и контрола, бидејќи го изедначувате со страста. На крајот, сакате да биде по ваше, но тоа е тешко со ваква личност.

Она што ви е потребно е силна и храбра личност која чекори покрај вас и не се крие во вашата сенка. Тоа е личност која не ви попушта, не се смрзнува пред вас, туку верува дека сте и дораснати. Тоа е личност со која созревате заедно.

Бик

Сакате личност која изгледа како да има сè во животот, но кому сте му неопходни и кој не е сигурен што сака. Постојано трчате по такви луѓе и не знаете на што сте. Сакате да сте оние кои сакаат повеќе во врската, кои ја имаат таквата контрола, а кога не е така личноста ви делува незрела и недорасната.

Но, потребен ви е партнер кој вложува напор и ве разбира. Некој кој се труди да ја освои вашата доверба, но и вашето срце истовремено. Ова е некој кој го слави вашиот однос постојано, кој се гордее со вас и кој ве посакува.

Близнаци

Сакате некој кој е насекаде – интензивна личност, интересна, ведра и љубопитна. Всушност, сакате некој кој е ваше огледало, но и мистериозна личност која нема така лесно да ја одгатнете.

Но, потребен ви е некој кој ќе се отвори пред вас и ќе ве разбира, кој е во состојба да ви помогне да ги канализирате и изразите своите чувства, некој кој ќе излезе на крај со тоа што вашиот ум постојано е на сите страни.

Рак

Сакате некој кој се вклопува во вашата совршена замисла за тоа каков партнер треба да биде. Некој кој целосно ве разбира и кој ја разбира љубовта. Тоа е некој во кого гледате огромен потенцијал, тоа е вашиот принц или принцеза, некој со кого животот може да биде бајка.

Но, потребна ви е личност која е лојална и посветена, подготвена да биде со вас на долг рок. Некој кој ќе направи да се чувствувате сигурно, кој нема да и пречи на вашата независност, туку напротив, ќе ве разбере.

Лав

Сакате личност по која малку ќе трчате, некој кој не може да се освои така лесно. Некој кој истовремено ќе ви покаже колку сте боженствени и неверојатни, кој ќе го подигне вашето его. Ова е личност со шарм, популарна во општеството, некој кој според вас го заслужува вашето внимание.

Но, потребен ви е некој кој ќе ви помогне да бидете подобра личност, кој ќе ја храни вашата душа, а не вашето его. Тоа е личност која не поставува предизвици постојано, која не ве прави љубоморни, туку ви помага да ги поместите своите граници.

Девица

Сакате личност која не постои – која ги исполнува сите ставки на вашата листа за совршеност, некој кој ги исполнува сите стандарди, а истовремено ви помага да контролирате сè.

Но, потребен ви е некој кој ве познава и разбира на најдлабоко ниво, некој кој може да ве следи интелектуално и духовно, кој може да ве извлече од вашата потреба постојано сè да биде совршено.

Вага

Сакате некој кој ве сака и точка. Некој кој ве сака дури и кога не можете да ја возвратите љубовта. Тоа е личност која ви посветува доверба и предаденост, а вие воопшто тоа да не го барате. Го барате најстраствениот и најромантичниот љубовник на светот.

Но, потребен ви е партнер кој ја цени вашата љубов и го цени вашиот однос, кој ја возвраќа љубовта која ја носите во себе, кој ве цени искрено и не бара ништо посебно за возврат.

Шкорпија

Сакате некого кого не можете целосно да го имате, за да можете постојано да го освојувате и посакувате. Сакате мистерија и игра која ви носи интензивна страст и чувство дека постојано се случува нешто лудо и магично. Тоа е личност која прави да се чувствувате важно и вредно, која ви додава значење.

Но, потребен ви е некој кој ве цени онакви какви што сте, покрај кого можете да се опуштите и кој не ве провоцира. Тоа е некој кој не е љубоморен, но и кому му верувате со целото срце. Тоа е нежна и топла љубов со вистинска вредност.

Стрелец

Сакате некој кој ви дава слобода, тоа е личност која ве исполнува но која е тука кога вие сакате да биде покрај вас. Сакате авантура, лудост, експериментирање. Некој кој нема да се појавува кога ќе посакате, туку ќе биде тука кога вие ќе посакате.

Ви треба личност која ве познава, која ви дава слобода, но која точно знае кога тоа ви е потребно. Тоа е личност покрај кого сакате да се врзете и постојано да ја имате покрај себе.

Јарец

Сакате некој кој е екстремна верзија од вас самите – независен, способен, организиран и прецизен до најситни детали. Тоа е личност која е речиси совршена а која ќе ја следите во сите активности и која нема да ви додева премногу.

Но, потребен ви е некој кој ќе ве поттикне да ја изразите својата слобода, ќе ги тргне вашите крути граници кои самите си ги наметнувате и ќе ви помогне да се чувствувате попријатно во своја кожа.

Водолија

Сакате некој сличен на себе, кој ги одржува вашите особини, добри и лоши. Некој кој е пријатен, па дури и малку пријатен, со силни чувства, но и разум.

Но, потребна ви е личност која не е сосема иста како и вие, која ви се восхитува и покрај која можете да научите многу. Некој со жив дух, но различни интереси од вас.

Риби

Сакате личност која ќе ве поттикне да чувствувате. Сонувате за некој кој ве инспирира, да биде ваша муза и да ви помогне постојано да создавате. Некој кој ви помага да бидете свои, но и кој ќе биде постојано покрај вас.

Потребна ви е личност која не ве спречува да се изразите, а која во односот внесува логика и практичност. Тоа е некој кој ве приземјува, но и не ве вознемирува. Потребна ви е личност покрај која ќе се чувствувате како да летате.

Коронавирус