сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 63
home Хороскоп

Хороскоп од 27 август до 3 септември: Што ни носат ѕвездите оваа недела?

Хороскоп од 27 август до 3 септември: Што ни носат ѕвездите оваа недела?

Доаѓа крајот на месецот. Што ни носат ѕвездите оваа недела?

Овен

Работа – Работните планови ќе ви одат во рака во текот на оваа недела, а тоа ќе се одрази и на вашата финансиска ситуација. Време е и вам да ви тргне малку. Сега е моментот.

Љубов – Имате поважни планови од емоционалните, а партнерот нема разбирање за тоа. Во љубовта не ви оди толку многу.

Здравје – Добро.

Бик

Работа – Не очајувајте доколку плановите нема да ви успеат оваа недела. Нема да ви оди ништо од рака, но доаѓаат подобри времиња.

Љубов – Една личност не престанува во вас да буди нешто убаво и посебно, а вие се уште не реагирате на тоа.

Здравје – Болки во грбот.

Близнaци

Работа – Работните планови ќе ви одат добро и ќе добиете поддршка од колегите во тоа. Бидете добро информирани за потезите кои ги правите, не преземајте ризици без да се распрашате добро.

Љубов – Премногу сте вообразени за да и се јавите на личноста која ви се допаѓа. Направете го тој чекор.

Здравје – Добро.

Рак

Работа – Не се замарате многу за своите обврски, па некој би можел да ве прекори за тоа. Ќе ви биде потребно време за да доведете во ред некои детали.

Љубов – Имате шанса да запознаете интересна личност.

Здравје – Солидно.

Лав

Работа – Плановите се исполнуваат онака како што вие сакате, а и свесни сте за своите квалитети. Можете да очекувате подобрување на вашата позиција наскоро.

Љубов – Партнерот е мистериозен и не сака да дели многу работи со вас. Тоа може да ве фрли во очај.

Здравје – Тензија и стрес.

Девица

Работа– Ситуацијата не е толку добра, но важно е да останете силни. Што и да се случува, сетете се дека можете да се извлечете од тоа.

Љубов – Партнерот го мачат проблеми, а тоа влијае и на вашето расположение. Затоа, одморот и разговорот се најдобро решение.

Здравје – Преморени сте.

Вага

Работа – Вашата ситуација се подобрува од повеќе страни и немате многу загуби. Се е добро и така треба да биде. Време е за нови планови.

Љубов – Се чувствувате одлично во присуство на еден Овен, но и сами не знаете како најдобро да се поставите.

Здравје – Вежбајте повеќе.

Шкорпија

Работа – Колегите немаат разбирање за вас. Обидете се да ја средите ситуацијата без да влегувате во големи конфликти.

Љубов – Заљубени сте, но тоа не си го признавате ни себе си.

Здравје – Вежбајте повеќе.

Стрелец

Работа – Ако работите во приватен сектор, ќе имате многу можности за напредок. Искористете ги.

Љубов – Ако не сте во врска, не очајувате бидејќи доаѓа промена.

Здравје – Срцева аритмија.

Јарец

Работа – Се однесувате како вие да морате да ја работите работата за сите луѓе. Идете на одмор и размислете што сакате и од себе, но и од другите.

Љубов – Не сте заинтересирани за љубовта.

Здравје – Тензија и стрес.

Водолија

Работа – Плановите ви одат добро оваа недела. Искористете го тоа.

Љубов – Партнерот продолжува да ви дава поддршка, но како да не го забележувате тоа.

Здравје – Добро се чувствувате.

Риби

Работа – Работите одат добро, но вие како да сакате повеќе. Изборете се за тоа.

Љубов – Работите се добри, освен за оние Риби кои се во брак. Не дозволувајте малите конфликти да се претворат во големи кавги.

Здравје – Тензија и стрес.

Коронавирус