недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 74
home Хороскоп

Хороскоп: Како да го освоите нејзиното срце?

Хороскоп: Како да го освоите нејзиното срце?

Женското срце може да биде освоено, но треба да се знае патот до него. Хороскопот го има одговорот.

Овен

Потребно е да ја прифатите таква каква што е. Не правете грешка мислејќи дека можете да ја скротите оваа жена. Таа зборува јасно и директно без пречки и никогаш не се плаши да каже што мисли за тебе. По природа е компетитивна и понекогаш делува многу доминантно. Таа не бара човек кој ќе ја засени, туку кој ќе ја бара и прифати таква каква што е, како силна жена.

Бик

Треба да ја докажете вашата вредност. Оваа жена не се вљубува лесно и не верува во љубов на прв поглед. Таа сака бавни чекори и потребно е повеќе време за да ја импресионирате. Оваа жена обожава романтични гестови и сака убави нешта. Таа постојано се однесува трпеливо и ќе го тестира трпението на мажот додека тој не полуди.

Близнаци

Потребно е да и помогнете да се отвори. Со нејзината заразна насмевка и одличен карактер, оваа жена маѓепсува и никогаш нема да ја заборавите. Сепак, таа е полудена по внимание, но е и многу интелигентна и убава. Таа сака да зборува долго, да води стимулирачки разговори и долго да дебатира за темите кои и се важни. Сè што е потребно е да и зборувате и да и дозволите да се изрази и да ги покаже своите чувства.

Рак

Потребно е да бидете нејзиниот дом. Оваа жена не цени ништо повеќе од нејзиното семејство. Многу емотивна е и нејзиниот партнер го третира како семејство. Таа не се плаши да се соочи со сите нешта и луѓе кои ја загрозуваат сигурноста на оние кои ги сака. Големо внимание обрнува на романтичните врски и постојано во мажите бара партнер за цел живот. За да го освоите нејзиното срце, треба да бидете посветени и да и покажете колку ви значи.

Лав

Треба да бидете оној кој и е потребен. Оваа жена е вистинска Лавица која е неодолива за мажите и таа е многу пребирлива. Штом ја дознете подобро, ќе сфатите дека таа е комплексна контрадикторност. Се однесува како никој да не и е потребен, но треба да погледнете под нејзината „фасада“ за да ја запознаете подобро. Ќе ја освоите кога ќе успеете да го направите тоа.

Девица

Морате да ја разберете оваа жена. Многу често е неразбрана бидејќи делува како да не знае што сака, но за да ја освоите треба навистина да се потрудите да ја разберете. Под нејзината смирена површина лежи сензуална и страствена жена која го чека вистинскиот маж. Таа е еден од најнеразбраните знаци и потребно и е некој кој вистински ќе ја запознае. Ја покажува љубовта на несекојдневен начин, а еден од тие начини се и нејзините критики.

Вага

Морате да ја почитувате оваа жена. Добро познат факт е дека сите ги сакаат жените кои се родени во овој знак. Таа е еден од најромантичните знаци која го чека витезот на бел коњ кој ќе ја заштити од суровата реалност. За оваа жена љубовта е сè и таа сака со цело срце. Исто така, таа верува во хармонија и правда и затоа ќе бара голем напор од другата страна околу тоа. Ќе ја освоите ако и покажете дека за вас таа е специјална жена.

Шкорпија

Морате да бидете претпазливи со оваа жена. Некогаш ќе мислите дека ја разбирате, а друг пат ќе мислите дека вооопшто не ја знаете. Оваа жена е многу непредвидлива и нејзиното расположение се менува без предупредување. Таа е фатална жена и најголемата грешка која можете да ја направите е да се обидете да ја контролирате или да ја промените. Таа е таква каква што е и се сака себеси поради тоа. Покажете и дека го цените и сакате тоа и веќе сте ја освоиле.

Стрелец

Морате да бидете отворени. Љубовта со оваа жена е голема авантура и никогаш не постои досаден момент со неа. Таа е вистински авантурист, секогаш ставајќи ја на прво место нејзината слобода и нејзината желба за авантура и нови нешта. Освојувањето на нејзиното срце е секојдневна борба и ако покажете дека можете да се носите со тоа, таа е веќе освоена. Но, не ја брзајте никаде. Наместо тоа, бидете спонтани и отворени кон сите можности кои ви ги нуди љубовта кон неа.

Јарец

Морате да одите бавно. Ако сакате да го освоите нејзиното срце, ништо не е поважно од вашиот напор и посветеност. Оваа жена е секогаш свесна за својата вредност и знае каква среќа е за некој да ја има во неговиот живот. Таа не сака casual врски и верува дека компатибилноста е нешто што се гради со време. Дефинитивно ќе и треба повеќе време за да ви го даде клучот од нејзиното срце.

Водолија

Морате да ги почитувате нејзините чувства. Од првиот момент кога ќе ја запознаете, ќе знаете дека таа е необична жена. Водолијата е еден од најнезависните знаци и таа секогаш го слуша својот глас и се однесува согласно на тоа. Љубовта ја наоѓа нејзе, таа не ја бара љубовта. Комфорна е во сопствената кожа и не бара често промена на својот сингл статус бидејќит тоа и одговара. Тоа значи дека ќе влезе во врска само ако доволно силно и се допаѓате. Ако успеете да се поврзете со неа на интелектуален начин, таа е освоена.

Риби

Морате да бидете искрени. Љубовта со оваа жена е како бајка. Само што сте ја запознале, а веќе ја обожавате. Таа си живее во свој сопствен свет и на врските гледа како на совршеност. За да бидете со неа, морате да покажете искреност и вистинска волја да бидете со неа. Таа сака полека и сигурно да изградите совршена врска.