среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 77
home Хороскоп

Хороскоп и типови на возачи

Хороскоп и типови на возачи

Верувале или не во хороскопите, на повеќето им е забавно да дознаат што велат за карактерот на луѓето, особено кога станува збор за одредени сегменти од секојдневниот живот. Хороскопот има што да каже и кога станува збор за возењето и возачите.

Јарец

Трпеливоста, ефикасноста и способноста да планираат однапред ги прават најдобри. Тие не возат премногу брзо и не се склони кон невнимателни активности како што е претекнување. Тие се практични и реални, така што по забава, тие повеќе би оделе дома пеш отколку да седнат зад воланот.

Близнаци

Секогаш социјални и секогаш во движење, Близнаците се најдобри кога станува збор за прилагодување на условите во сообраќајот. На суво возат брзо, на влажно се внимателни и крајно брзо реагираат во непредвидливи ситуации.

Девица

Тие се зависни од правилата и редот, што е секогаш плус на патот. Во својот перфекционизам и коментарите за другите возачи понекогаш превидуваат своја грешка. Сепак, тешко е да се пронајде совесен возач.

Лав

Лавовите сакаат да владеат на патот и сите други учесници во сообраќајот им сметаат затоа што ги сметаат како еден вид следење. Добро е што не се агресивни бидејќи тогаш би биле реална опасност на патот.

Шкорпија

Вистински контрол-фрикови кои сакаат да драматизираат. Тие ретко прават грешки, дури и кога сакаат да постигнат одредена цел. Тоа се оние кои со многу галама ќе успеат да се протнат на чело на колоната без да загрозат никого. На крајот, нема ништо лошо во тоа да бидете самоуверен, а одлучен возач.

Вага

Нивната најголема предност е што тие знаат како совршено да ја прочитаат состојбата во сообраќајот. Совршено ќе ја скенираат околината и ќе ги воочат проблемите дури и пред да се појават. Со вага, колку и да се добри зад воланот, секогаш избегнувате хаос на патот.

Рак

Сосема очекувано, нема да најдете побавни и подефанзивни возачи од раковите. Со нивните претпазливи маневри, тие ги нервираат другите возачи, понекогаш и самите себе, па честопати претпочитаат да одат пеш.

Водолија

Индивидуалисти кои имаат свои правила. А тоа во сообраќајот и не е најдобро. Ако проценат дека не е опасно, тие ќе прекршат и понекое правило во сообраќајот.

Риба

Секогаш емотивните риби во сообраќајот тешко се справуваат. Дури и најмалите работи можат да ги исфрлат од такт, а потоа ќе започнат да леат солзи. Во таква состојба понекогаш ќе промашат сообраќаен знак, дури и семафор, што секако не е баш добро.

Бик

Сè е добро сè додека некој не му замери или тој процени дека некој му се замерил. Ако некој влезе во неговата лента, тоа е како црвен аларм и започнува борбата за изгубеното место. Добро е што го сакаат својот автомобил и ретко го ставаат во опасност.

Стрелец

Тие се заинтересирани за сè, дури и она што не е на патот. Возачите стрелци ретко гледаат пред нив, освен ако можеби автомобилот има еден куп налепници на него.

Овен

Овеновата планетата е Марс, бог на војната, импулсивен и тврдоглав. Тие се совршени возачи затрки, но тешко одржуваат контрола во секојдневниот сообраќај. За нив, возењето е борба, и тие мора да победат по секоја цена.

Извор: dodajgas.mk