петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 29
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против мафијата, за правда и слобода

home Хороскоп

Горди, страсни, театрални: Откријте сè за хороскопскиот знак Лав

Горди, страсни, театрални: Откријте сè за хороскопскиот знак Лав

Великодушна, театрална, привлечна, горда, страсна, тврдоглава, упорна, љубезна, посветена, заиграна, темпераментна, полна со живот – тоа е жената родена во знакот на Лав.

Лесно ќе ја забележите, бидејќи секогаш се издвојува од толпата – таа се смее најгласно, има најубава насмевка, а нејзината самоувереност блеска на сите страни. Со овој хороскопски знак владее Сонцето, центарот на универзумот, и во склад со тоа, овие жени сакаат да бидат во центарот на вниманието што ѝ оди од рака.

Жената Лав има темпераментен карактер и врела крв. Кога е потребно таа без размислување ги покажува своите канџи и се брани, а кога е лута најлесно може да ја смири комплимент или внимателно одбран подарок. Таа има авантуристички и силен дух, поради што сака да победува, а благодарение на нејзината интелигенција, досетливост и креативност, нејзиниот живот е исполнет со многу победи.

Секс и врски

Жената Лав сака покрај себе да има партнер кој го красат независност и силен карактер. Таа нема потреба од некој да се грижи за неа, туку бара маж кој е доволно сигурен во себе и кој ќе ѝ дозволи покрај него да заблеска во сета своја убавина и сила. Во врската сака да има многу забава и динамика – не поднесува рутина и постојано смислува начини како да смени нешто во своето секојдневие и да го направи подраматично. Сексот ѝ е многу важен и тоа е најдобар начин партнерот да ѝ покаже колку е посакувана. Сака секси долна облека, како и тоа да ја преземе главната улога во спалната. За неа не постојат табу теми во сексот, сака да проба сè, а еднакво ѝ се важни нејзиното и задоволството на нејзиниот партнер. Деловите од телото со кои владее овој хороскопски знак се ‘рбетот, грбот и срцето, поради што, може лесно да биде заведена доколку почувствува нежно, сензуално милување по грбот. Во љубовта најдобро се сложува со Близнаци, Стрелци и Ваги.

Пријателство

Благодарение на својата топла личност, магична енергија, ентузијазам и леснотија на постоењето, жените Лав како магнет ги привлекуваат луѓето околу себе, а нејзините пријатели многу често се и нејзини „обожаватели“, луѓе кои едноставно ѝ се воодушевуваат. Великодушната Лавица сака да им угодува на своите пријатели и на голем број луѓе, токму таа им е најдобра пријателка. Никогаш нема да ги изневери своите пријателки и секогаш ќе биде покрај нив. На пријателите знае да им прости сè, освен предавство.

Изглед

Густа и нескротлива коса, како грива на лав, истакнати црти на лицето, топли очи, поглед полн со искри, високо чело, поткренат нос и мали уши. Ова се главните физички карактеристики по кои се препознава Лавицата. Најмногу е горда на нејзината густа коса, која обично е руса или во црвена боја. Жените родени во овој хороскопски знак се височки, имаат долги нозе, убаво обликуван струк, имаат елегантна и многу цврста мускулатура. Тие имаат кралско држење и настап. Секогаш изгледа угледно, горделиво и урамнотежено. Својот изглед сака да го украси со накит и други модни додатоци, како и да носи облека во жолта и портокалова боја.

Стил

Сака да се истакнува во жолта и портокалова, но бојата која секогаш ја поставува во центарот на вниманието е златната. Во златната боја Лавицата го наоѓа сето она што ја претставува и што таа искрено го сака – топлина, луксуз, театралност, особеност, воодушевување. Секогаш одбира облека и модни додатоци од најдобар квалитет, а кај неа не постои моден конформизам – таа сака да носи работи кои никој друг ги нема. Секогаш успева да постави најдраматични и најнеобични модни трендови, благодарение на нејзината вродена самодоверба. Сака фини материјали како што се свилата и кашмирот и совршено скроена облека. Ништо подобро не ѝ ја зајакнува самодовербата од одење на фризер. Во нејзиниот плакар сигурно ќе најдете чевли украсени со светки и пердуви, како и ѓердани со светкави камења. Лавицата ретко оди сама во шопинг, туку со своите пријателки, кои не ѝ се толку потребни за совети, колку за комплименти.

Коронавирус