вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 124
home Хороскоп

Горда, страсна, театрална: Запознајте ја жената Лав

Горда, страсна, театрална: Запознајте ја жената Лав

Великодушна, театрална, привлечна, страсна, тврдоглава, упорна, љубезна, посветена, темпераментна, горда, полна со живот, роден лидер – ова се само дел од доблестите што ја красат жената родена во знакот на Лав.

Не е тешко да ја забележите Лавицата среде многу луѓе: таа најгласно и најубаво се смее, а нејзината самодоверба зрачи на сите страни.

Владеењето на Лавот почнува на 23 јули и завршува на 23 август. Со овој хороскопски знак владее Сонцето, центарот на универзумот, па согласно тоа, Лавицата сака да е во центарот на вниманието и тоа лесно ѝ успева.

Темпераментна е и ако е потребно ќе ги покаже „канџите“ за да се одбрани. Ако е лута, ќе ја смирите со комплименти и подароци. Или барем ќе се обидете.

Има авантуристички и натпреварувачки дух и сака да победува, а благодарение на нејзината интелигенција, досетливост и креативност, нејзиниот живот е исполнет со победи и триумфи.

Секс и врски

Независна и со моќна индивидуалност, жената Лав сака партнер кој ги има овие особини. Нејзе не ѝ треба некој кој ќе се грижи за неа, туку маж кој е доволно сигурен во себе за да ѝ овозможи таа покрај него да блесне во целиот нејзин сјај.

Во врската таа сака многу забава и динамика, не може да поднесе рутина и постојано смислува начини нешто да промени и да го направи секојдневието поинтересно и драматично.

Сексот ѝ е многу важен и тоа е најдобар начин партнерот да ѝ покаже колку е привлечна и посакувана. Сака секси долна облека и го презема водството во спалната соба. За жената Лав нема табу тема во сексот, сака сѐ да проба и подеднакво ѝ се важни нејзиното задоволство и уживањето на партнерот. Сака да зборува за сексот и очекува фидбек во детали.

Делови од телото со кои владее овој хороскопски знак се грбот и срцето, па најлесно ќе ја заведете ако ја галите по грбот. Во љубовта најмногу се сложува со мажи родени во знакот на Близнаци, Стрелец и Вага.

Пријателства

Благодарение на нејзината топлина, магична енергија, ентузијазам и полетност, жената Лав како магнет ги привлекува луѓето околу себе, а нејзините пријатели неретко се и нејзини „обожаватели“, луѓе кои длабоко ѝ се восхитуваат.

Великодушната Лавица сака да им угодува на своите пријатели и е најдобра пријателка на многу луѓе. Взаемно блиско пријателство сепак има само со неколку одбрани луѓе кои никогаш нема да ги изневери и секогаш ќе биде тука за нив. Има висок праг на толеранција и знае да прости, но ако ја излажете или изневерите, враќање нема.

На работното место се издвојува како добар организатор, креативец со оригинални идеи, но и колешката која бара и очекува најмногу од сите. Најчесто е на раководна позиција, каде се покажува како вешт лидер и ментор.

Стил

Жената Лав е впечатлива – таа внимава на својот изглед и секогаш ги истакнува нејзините најсилни адути: бујната коса, шармантната насмевка, мускулестото тело и беспрекорниот моден стил.

Лавицата сака да изгледа посебно и раскошно. Не е роб на брендови и трендови, но сака тоа што го поседува да биде квалитетно и уникатно. Обожава накит – колку повпечатлив, толку подобро. Таа мора да носи работи што никој друг ги нема, па често носи винтиџ или дизајнерски парчиња и облека правена по нарачка.

Благодарение на нејзината самодоверба, не се плаши да експериментира и често е трендсетер, а исто така може да носи впечатливи парчиња облека и накит независно од сезоната и модата. Жената Лав навистина е кралица на стилот.

Модерните Лавици нема да бидат видени во јавност со крзно или полиестер – тие беа меѓу првите кои почнаа да промовираат еколошки и етички произведена облека и да носат платнени торби.

Извор: kajgana.com