сабота, 15. август 2020. Вести денес: 58
home Хороскоп

ФОТО: Навредлив и бизарен хороскоп од 1979 година

ФОТО: Навредлив и бизарен хороскоп од 1979 година

Вирално се споделува на социјалните мрежи, поради неговата иронична и навредлива содржина.

Првично табелата со која се исмејуваат сите 12 хороскопски знаци, беше објавена на Твитер, каде собра околу 490.000 допаѓања и 231.000 ретвитови, па се прошири и на останатите социјални мрежи, па голема е веројатноста дека веќе сте виделе за што се работи.

Контроверзната листа повеќе наликува на вицотека, но со навредлива содржина, отколку на хороскоп што би требало да ја „предвиди“ иднината на читателите според зодијакот.

Коментарите се различни, некои го прифаќаат како хумор, некои дури и се согласуваат со неговата содржина, други пак содржната ја сметаат за недозволиво брутална, но како и да е никој што ќе го прочита не останува рамнодушен, па оттука и виралната популарност.

Доколку сте љубопитни што стои во описот за вашиот хороскопски знак, прочитајте во продолжение, но секако направете го тоа со голема доза на резерва.

Коронавирус