сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Хороскоп

Фатална привлечност: Овие два хороскопски знаци кога-тогаш ќе бидат заедно

Фатална привлечност: Овие два хороскопски знаци кога-тогаш ќе бидат заедно

Одредени хороскопски знаци се привлекуваат на прв поглед, а меѓу овие два навистина постои магнетска привлечност и еротика која е присутна во воздухот. И сите можат тоа да го приметат.

Станува збор за комбинацијата Шкорпија – Бик.

Кога Бикот и Шкорпија почнуваат љубовна врска, нивната врска е многу интензивна, а страста и хемијата е толку силна што е видлива од прва. Тие се спротивни знаци на зодијакот што им дава посебна, комплексна поврзаност. Тие заедно можат да постигнат единство, само ако секоја страна успее да ја избалансира својата сила и слабости.

Нивната сексуална привлечност е фатална. Бикот и Шкорпијата имаат многу заеднички работи, но бидејќи нивниот карактер е толку моќен, што често пливаат меѓу страствена љубов и страствено несложување.

Бикот и Шкорпијата имаат длабока возбуда и желба, па иако се спротивни тие не можат да се одвојат еден од друг.

Проблем може да настане доколку секој од нив се задржи до својот карактер. Додека Бикот ја цени својата искреност и отвореноста, Шкорпијата сака да биде мистериозна.

Како да успее врската меѓу овие два знаци? Нивната моќна поврзаност може да достигне највисоко ниво кога Шкорпијата ќе сфати дека Бикот сака со неа да биде на подолга стаза, а Шкорпијата ја надмине својата таинствена природа.