недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 99
home Хороскоп

Еве што ги прави хороскопските знаци лоши романтични партнери

Еве што ги прави хороскопските знаци лоши романтични партнери

Раскинувањето и продолжувањето понатаму не е никогаш лесно, но тоа не значи дека треба да тагувате вечно. Вистината е дека сега ви е подобрo, но ако ви треба потсетник, еве зошто e подобро без поранешниот партнер базирано на нивниот хороскопски знак.

Овен – Најсебични на светот
Кога е убаво, супер е, но неволјата секогаш доаѓа во врските со припадниците на овој хороскопски знак. Тие секогаш си го гледаат сопствениот грб и не ги третираат партнерите еднакво. Без разлика што ви кажале, нивното мото е „јас, јас, јас“.

Бик – Секогаш се во право
Биковите имаат репутација како едни од најсензуалните и љубовни знаци бидејќи планетарниот водач им е Венера, но тие имаат тврдоглава земјена енергија што значи расправиите со нив се исти како да зборувате со ѕид. Мислите дека ќе им го сменете мислењето кога ќе се „одлучат“ дека се во право? Размислете повторно. Секогаш мора да го кажат последниот збор.

Близнаци – Не можеш да сметаш на нив
Ајде да претпоставиме како ќе се чувствува вашиот партнер денес! Во врските секогаш се потегни-повлечи. Вистина е дека се забавни, но ако се налутат спремете се да го запознаете бесрамниот лажго во нив. Ќе кажат било што да се извлезат од ситуации кои не им се удобни.

Рак – Вечно нерасположени
Раковите се слатки и сензитивни нели? Размислете повторно. Тие ги користат чувствата како оружје. Овие емоционално – интензивни хороскопски знаци не се плашат да си играат со вашето срце во зависност од нивното дневно расположение.

Лав – Болни за внимание
Сакате да бидете споредна улога во нечие ријалити шоу? Спремни сте за екстремно драматичен животен стил? Лавовите се тука за вас! Секако, романтичните моменти се забавни, но во кого гледаше лавот кога ги гледавте заедничките слики? Тие поминуваат повеќе време восхитувајќи се на себеси отколку вам.

Девица – Сакаат да контролираат сè
Спремни сте да добиете бескрајна низа на совети за тоа како ги средувате чиниите „погрешно“? Девиците се суперѕвезди во микроменаџирање. Најнервозното нешто кај нив е што додека ви објаснуваат како да се однесувате, сами не си ги слушаат советите. Сакаат да ги водат туѓите животи, но да послушаат туѓ совет – никогаш!

Вага – Сите ќе знаат за расправиите
Вашиот поранешен партнер Вага сигурно бил многу среќен да вложува во врската, се додека не си ја изгубила „етикетата“ за ново. Сакаат да се преправаат дека ги гледаат двете перспективи во секоја ситуација и дека се олицетворение на фер однесување. Тие дури ќе направат да се сомневате во сопствените мисли и чувства за да излезе по нивно. Ќе вклучат многу луѓе во вашата врска кои исто ќе ви објаснат зошто не сте во право.

Скорпија – Опасно одмаздољубиви
Скорпиите се одлични учители за болка и патење. Кога се расправате уживаат да ве гледаат додека сте вознемирени. Дури и по најмали несогласувања ве третираат како „непријателот“. Луѓето ги повредуваат блиските, но Скорпијата го прави тоа на друго ниво.

Стрелец – Забораваат дека постоите
Романтичните врски со стрелците можат да бидат полни со адреналин, но тие знаат да бидат многу површни. Бидејќи имаат огромен апетит за нови искуства ако не можете да ги следите во истите ќе ве откачат веднаш. Тажно за нив е што секогаш трчаат некаде, само не кон среќата.

Јарци – Имам подобри опции
Јарците секогаш разгледуваат наоколу за да видат дали е тревата позелена на некое друго место. Тие заповедаат апсолутна лојалност и посветеност од вас, но без проблем ѕиркаат наоколу за следното најдобро нешто што може да се појави. Нема потреба да бидете покрај луѓе на кои никогаш не им сте доволни.

Водолија – Најпаметни на светот
„Интелектуално супериорната“ Водолија многу сака да ги анализира луѓето, врските и емоциите – дури и опсесивно. Ама што ако се фасцинирани од човечките умови, не значи дека нешто имаат научено. Водолиите се однесуваат како чувствата и интуицијата да не постојат. Тие не знаат да се справат со емоциите и често се многу ладни.

Риби – Светот се врти околу нив
Интуитивните, сензитивни и полни со емпатија Риби знаат како да ја наместат работата за да го добијат тоа што го сакаат и бесрамни се во тоа. Секој пат кога ќе им се случи нешто треба вие да се погрижите за нивните чувства. И ако има расправија меѓу вас, секогаш се однесуваат како да нè споделуваат од вината, како да немаат време да вложат во емоционален труд, според „Cosmopolitan“.

ЕУРО 2020

Македонија