четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 178
home Хороскоп

Добар ден за финансии за Јарецот, Бикот на средба со искри и хемија

Добар ден за финансии за Јарецот, Бикот на средба со искри и хемија

ОВЕН

Пробајте да размислите пред да донесете капителни одлуки. Парите ги очекувате пред крајот на денот. Во емотивниот живот мора да поставите реални цели. Внимавајте на лековите.

БИК

Имате проблем со финансии, па очекувате позајмица од пријател или од саканата личност за да ги покриете „дупките“. Ве очекува средба со личност од работното опкружување, или со личност која ја среќавате секојдневно. Има искри и хемија. Напнатост, нервоза.

БЛИЗНАЦИ

Работете со млади соработници. Ќе имате поголема заработувачка и поголемо задоволство. Имате личност крај себе која многу бара, особено ако во хороскоп е Бик. Чувајте се од настинки.

РАК

Ако имате долгови, ќе бидете притиснати од страна на банките или некоја странска компанија. Партнерот се сомнева во вас. Не ви верува. За да ја вратите довербата, купете некој подарок со кој ќе го изненадите. Одморајте повеќе.

ЛАВ

Надредната личност ви создава нервоза. Морате да ја поправите комуникацијата со него. Ако сте машко, ќе имате добар однос со некоја личност родена во знакот на Лав. Ако сте женско, тогаш ве очекува средба и добар однос со Овен. Чувајте се од повреди.

ДЕВИЦА

Денешниот ден е добар за заработка и почеток на нова работа. Важно е да бидете упорни. Слободните Девици мора да се отворат. Добар е денот за средба со роден во знакот на Бик. Пијте витамини, чувајте го имунитетот.

ВАГА

Соработниците околу вас не се подготвени да одговорат на вашата енергија. Поради тоа страдете и менувате колектив. Мислите на личност која не е блиску до вас. Веројатно е во некоја прекуокеанска земја. Избегнувајте слатки.

ШКОРПИЈА

Отежнување на почетокот на денот. После 13 часот ќе имате успешен ден на ова поле. Слободните Шкорпии имаат добар ден со личност од опкружувањето. Можеби е некој кој ви се допаѓа подолго време. Чувствителна кожа.

СТРЕЛЕЦ

Добар ден за промена на работата или ви се раѓаат нови идеи. Не сте расположени за расправии со партнерот. Често морате да се правдате каде сте биле, што сте правеле. Притисокот ви прави проблеми.

ЈАРЕЦ

Сите Јарци го сакаат почетокот на неделата, затоа што се некои кои сакаат ред и дисциплина. Поволен ден за финансии. Ако сте жена, ви се додворува помлада машка личност. Машките Јарци мора да се стабилизираат низ брак. Реума.

ВОДОЛИЈА

И натаму имате притисок од оние соработници кои се неспособни самите нешто да организираат. Морате да бидете построги. Добрата енергија за љубов доаѓа преку некоја личност од Стрелец, Бик или Риби. Емотивни осцилации.

РИБИ

Се е важно денеска. Морате да се свртите кон љубезност, дипломатија и естетика. Со некоја Водолија гледате да создадете добар однос. Ако сте во брак, морате да се занимавате со желбите на партнерот. Силен имунитет, добро здравје.

Коронавирус