ОВЕН
Работа: Планирајте пат, ќе ви донесе пари. Можеби би требало да соработувате и со партнерот со кој сте во врска или во брак. Тој е добар соработник.
Љубов: Добро се сложувате со саканата личност. Слободните имаат шанса за познанство со една особа во знакот на Бик.
Здравје: Чувствителен нервен систем.
БИК
Работа: Не е време да се жалите на колетите или соработниците. Морате да се подигнете себе си. Имате поддршка од личност во знакот на Девица.
Љубов: Убав ден за нови познанства. Некој кој го познавате ќе ви пријде, и можеби ќе се роди љубов.
Здравје: Добро.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Денеска засилена нервоза која ви ги иритира колегите. Сигурно не сте задоволни со некого од вашиот работен тим.
Љубов: Ако сакате да донесете некоја одлука во врска со вашата врска или брак, подобро почекајте некој друг ден. Секоја идеја не ви е јасна.
Здравје: Променливо расположение.
РАК
Работа: Потребно ви е разбирање, особено на работното место каде што работите. Доколку тоа е голем колектив, ќе морате да трпите различни ситуации.
Љубов: Слободните Ракови имаат шанса на пат да запознаат некоја личност во која ќе се заљубат. Можеби тоа ќе биде во знакот на Лав или Девица.
Здравје: Стомачни мачнини.
ЛАВ
Работа: Вие сте среќни и расположени, а луѓето околу вас нервозни поради некој проект на кој му се ближи крајниот рок, а сега им е тешко да го финишираат. Почекајте уште некој ден.
Љубов: Пробајте да му ја објасните на партнерот ситуацијата во која се наоѓате. Потребно ви е разбирање.
Здравје: Пробувате да го подигнете оптимизмот во себе.
ДЕВИЦА
Работа: Денеска ви е отворен ден за некои конкретни идеи, планови, иако не е добро премногу да работите. Добар ден е денеска за вложувања.
Љубов: Ако сте во брак или врска, тогаш добар период за патување. Ако сте слободни, имате некоја средба со личност од знакот на Рак.
Здравје: Лекувајте се со природни билки.
ВАГА
Работа: Добри идеи на видик. Размислувате која прво ќе ја спроведете.
Љубов: Врската со фамилијата полека доаѓа на место. Почнува да владее мир и спокој. Уживајте.
Здравје: Добро вино за опуштање на вашето тело.
ШКОРПИЈА
Работа: Минатото ви е пред очите. Се сеќавате на сите лекции кои сте ги поминале. Балансирате помеѓу минатото и иднината. Извлекувајте пораки. Добро ќе ви дојде.
Љубов: Комуникацијата напредува.
Здравје: Чувствителност во стомакот.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Се истакнувате себе си, и другите одат во втор план. Многумина се чувствуваат како заборавени, затоа што вие ги освојувате наградите.
Љубов: Партнерот ве уценува а вие не можете да поверувате дека сте доведени во таква ситауција.
Здравје: Не е лошо да ја проверите крвната слика.
ЈАРЕЦ
Работа: Заборавете го минатото. Подобро за вас. Доколку сте на некоја помала позиција отколку што сте биле порано, навистина ќе ви помогне совет на една личност во знакот на Девица.
Љубов: Можете да бидете во врска, а можете да фунцкионирате и како индивидуална личност.
Здравје: Повеќе уживајте во лежењето.
ВОДОЛИЈА
Работа: Употребете ја вашата имагинација да ги убедите другите колеги дека се што правите е она вистинското.
Љубов: Непознат повик во доцните вечерни часови ќе ви направи да се чувствувате добро.
Здравје: Доколку многу работите ќе посегнете по брза храна, но немојте да претерувате.
РИБИ
Работа: Имате многу обврски кои не знаете како да ги решите. Со помош на своите внатрешни сили вие завршувате буквално се. Не ви е потребна помош.
Љубов: Опкружени сте со фамилијарната заедница и со пријателите. Зборувате за финансии.
Здравје: Болки во стопалата.