вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хороскоп

Дневен хороскоп за 30. октомври 2018 година

Дневен хороскоп за 30. октомври 2018 година

ОВЕН

Работа: Доколку имате патување, контакт со личности во знакот на Бик или Вага, ќе ви донесат успех, особено ако се врзани за странство.

Љубов: Слободните во овој знак ќе сакаат да бидат во својот дом во кругот со најблиските другари и пријатели. Уживајте со личностите кои ги сакате.

Здравје: Размислувате да посетите лекар.

 

БИК

Работа: Парите и финансиската добивка може да дојдат доколку прифатите соработка со поранешните соработници. Парите нема да бидат проблем дури и ако позајмувате на некому.

Љубов: Ќе бидете во прилика да го промените својот емотивен статус. Можно враќање на некоја личност од минатото.

Здравје: Пад на имунитетот.

 

БЛИЗНАЦИ

Работа: Размислувате повеќе на работата отколку што навистина работите. Морате да се свртите кон реалните остварувања.

Љубов: Вашата прилагодлива енергија дава можности да функционирате во секоја ситуација во која се наоѓате. Овој пат ново познаство за вас може да биде многу инспиративно.

Здравје: Добро.

 

РАК

Работа: Денеска машките во овој знак имаат повеќе среќа во работата отколку жените од истиот знак. Но, тоа жените не треба да ги обесхрабри.

Љубов: Пренагласени емоции, но и страв за опстанок на врска или брак. Ќе морате да бидете ментално посилни.

Здравје: Потиснување на емоциите.

 

ЛАВ

Работа: Разговор со една машка особа од знакот на Шкорпија, може да ви ја промени работата или да ви донесе полоша соработка со уште неколку соработници со кои сте во секојдневна комуникација.

Љубов: Слободните во овој знак се склони на идеализација, па можна е осаменост. Ќе барате друштво на пријатели, а не на партнерот.

Здравје: Внимавајте на стопалата.

 

ДЕВИЦА

Работа: Не смеете да бидете брзи, туку сигурни во своето знаење и квалитети. Повеќе да размилсувате за долгорочните планови.

Љубов: Внимавајте на разочарувањето. Често ви се случува партнерот да не биде искрен до крај, да биде оптоварен со лаги.

Здравје: Добро се чувствувате и покрај лошиот емотивен статус.

 

ВАГА

Работа: Голем оптимизам ве следи низ работната соработка. Финанските шпекулации стануваат гласни. Добро ви оди.

Љубов: Дилеми, неодлучност. Особено ако сте сами и не сте во врска или во брак, ќе морате да направите извесен пресек во емотивниот живот.

Здравје: Гојазност, внимавајте на исхрана.

 

ШКОРПИЈА

Работа: Ден кој повеќе е за комуникација со лица кои можат да ви помогнат околу вашите идни планови.

Љубов: Некој е заљубен во вас. Ако сте во брак или во врска, морате да ја прифатите личноста која живее со вас со сите маани и недостатоци.

Здравје: Добро.

 

СТРЕЛЕЦ

Работа: Доколку работите во некој ресторан или угостителски објект, очекувајте многу динамичен ден. Другите ќе имаат успешен работен ден без многу турбуленции.

Здравје: Емотивно сте врзани за личнсот која работно е посилна од вас. Морате да се помирите со фактот дека некогаш и другата страна може да е посилна. Спуштете го нивото на суетата.

Здравје: Помалку алкохол и ноќен живот. Одморете.

 

ЈАРЕЦ

Работа: Вие имате јасни планови доколку сакате да почнете нешто ново. Денеска би можеле да повикате некој стар соработник, колега и да се посоветувате.

Љубов: Познанство ако сте слободни. Тоа е личност со која комуницирате подолг период. Можна е озбилна врска.

Здравје: Добар иминутитет.

 

ВОДОЛИЈА

Работа: Парите ви стигаат преку роднински врски. Размислувате околу одење во некоја друга земја.

Љубов: Низ работата стекнувате нови познанства. Водолиите во брак ќе сакаат да излезат од домашните обврски.

Здравје: Осетливост на промената на температурите.

 

РИБИ

Работа: Работна соработка со личности кои имаат силен карактер. Можете да остварите добар контакт со некоја личност од знакот на Вага или Водолија.

Љубов: Доколку сте слободни, има пријател(ка) кој(а) е заљубен(а) во вас. Тоа е личност од знакот на Шкорпија. Добро размислете што ќе правите.

Здравје: Внивајте кога одите, може да паднете.

Коронавирус