вторник, 28. март 2023. Вести денес: 114
home Хороскоп

Дневен хороскоп за 29 октомври

Дневен хороскоп за 29 октомври

ОВЕН

 

Работа: Променете го мислењето за личностите околу вас. Понекогаш претерувате со својот идеализам. Бидете штедливи со парите.

Љубов: Сакате нешто да смените во врската или во бракот. Но, почнете прво од себе и од своите навики.

Здравје: Нервоза.

 

БИК

Работа: Ако имате работни обврски поврзани со недвижности, сигурно ќе бидете успешни во тоа. Како и секој пат, соработувајте со личност во знакот на Рак, затоа што тој ви идеален соработник за таа работа.

Љубов: Пробајте да бидете на дистанца, за да го смирите вашиот партнер и неговата нервоза.

Здравје: Кашлица.

 

БЛИЗНАЦИ

Работа: Сакате на лесен начин да дојдете до пари. Иако има индикации за такво нешто, сепак, денеска не е тој ден. Повеќе напор околу заработка.

Љубов: Денеска денот ќе го поминете главно во телефонска комуникација со партнерот, и ништо друго нема да ви го одземе вниманието.

Здравје: Добро се чувствувате.

 

РАК

Работа: Вие сте некој кој важи за добар човек. Често ве нарекуваат среќа на другите. Денеска помагате на оние кои немаат. Така сте добро расположени.

Љубов: Партнерот ја сака вашата пожртвуваност, но не е во прилика да биде ист или барем сличен на вас.

Здравје: Проблеми со бубрезите.

 

ЛАВ

Работа: Не пробувајте да избегате од себе и од разните обврски кои ве притискаат. Имате се на располагање, и сите кои работат со вас, се во грч доколку вие не сте им предводник.

Љубов: Денеска едноставно вие „сјаете“ од среќа, и дава се за љубовта. Партнерот е горд на вас.

Здравје: Проблеми со р’бетен столб.

 

ДЕВИЦА

Работа: Можеби сакате повеќе обврски да ставите на некого кој работи со вас. Тоа не е добро. Кога тогаш повторно ќе ве чека оптеретување и многу работа.

Љубов: Не сте целосно отворени кон саканата личност. Пробајте да разговарате, само така се решаваат проблемите и иднината.

Здравје: Внесувајте повеќе витамини, овошје.

 

ВАГА

Работа: Внимавајте на соработниците. Можеби некој од странство да затропа на вашата врата, а вие да не го слушате. Може тоа да биде соработка со младински организации.

Љубов: Емоциите се тука, присутни се, но блокирани, длабоко притиснати. Немојте да одложувате, искажете ги.

Здравје. Нервозни сте, имате висок притисок.

 

ШКОРПИЈА

Работа: Се борите сами против сите, а најмногу против себе. Тоа нема да донесе ништо добро. Не попуштате никому. Размислете пред да направите нешто што ќе ви штети во иднина.

Љубов: Често ги ставате своите материјални вредности пред сите други. Партнерот има чувство дека се губи во материјализмот кој ве опседнува.

Здравје: Се чувствувате несигурно.

 

СТРЕЛЕЦ

Работа: Денеска имате потреба да се докажувате и пред колегите, и пред вашите претпоставени, така што сите ќе ве видат и ќе ве чујат. Но, бидете внимателни, секоја грешка во овие моменти скапо се плаќа.

Љубов: Опседнати сте со внатрешни стравови. Пријателите и партнерот сакаат да побегнат од вас.

Здравје: Длабока анализа на она што ве мачи, ќе донесе резултат.

 

ЈАРЕЦ

Работа: Сè сакате сами да работите. Премногу обврски имате. Сигурно и некои други ве притискаат во фирмата. Направете распоред за да не се изгубите.

Љубов: Не сте подготвени за промени. Морате да поработите повеќе во вашиот љубовен живот.

Здравје: Добро.

 

ВОДОЛИЈА

Работа: Вие сакате да доминирате, и тоа е невистина добро, но е голем товар за вас. Затоа избегајте на страна кога ќе можете и одморете малку.

Љубов: Партнерот со кој живеете не е задоволен од вашиот однос.

Здравје: Чувајте ги гласните жици.

 

РИБИ

Работа: Вие длабоко во душата сте една многу работна личност. Иако вашата внатрешна природа не ви дозволува да се истакнете премногу, освен ако не сте некој огнен подзнак.

Љубов: Ќе имате убав ден. Ќе запознете некој преку ваш пријател, и ќе летаат „искри“.

Здравје: Внимавајте на стопалата.

loading...