четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 105
home Хороскоп

Дневен хороскоп за 22 декември

Дневен хороскоп за 22 декември

ОВЕН

Атмосферата на работа ви беше напната. Не се форсирајте со размислување денеска, почекајте до понеделник. Некои Овни ќе доживеат средба со личност од нивното љубовно минато. Други ќе фантазираат за тоа.

БИК

Уметниците денеска нека одморат, на трговците добро ќе им оди. Ќе зрачите и ќе бидете впечатливи. Лесно ќе се вовлечете под кожата на личноста која ви се допаѓа.

БЛИЗНАЦИ

Имате многу идеи кои може да ви донесат профит, но морате да ги усогласите со кодексот на работното место. Ќе ѝ покажете на другата страна дека и вие сте ранлива и емотивна личност, иако досега сакавте да ја убедите токму во спротивното.

РАК

Истоштени сте, едвај ги чекате празниците. Потрудете се да не се вплеткате во своите љубовни илузии. Стојте цврсто на земја.

ЛАВ

Ќе добиете идеја која ќе ѝ донесе сериозен профит на вашата фирма. Внимавајте со кого ја споделувате. Денеска ќе се помирите со тоа дека на некои нешта, едноставно им помина „мандатот“.

ДЕВИЦА

Сакате да бидете на пиедестал и да чуете аплауз. Некои тоа и ќе го доживеат. Некој од вашите пријатели ќе ве растажи, но тука е вашата сакана личност да ви биде поддршка.

ВАГА

Бидете тактични на работното место и соработувајте. Денеска е подобро од вчера. Исто се чувствува и вашиот партнер.

ШКОРПИЈА

Многу нешта не ви одат од рака, па најдобро е да почекате викендот да помине. Ќе имате душевно олеснување, дури и покрај тоа што сте свесни дека личноста што ви се допаѓа ги држи конците во свои раце.

СТРЕЛЕЦ

Некои работи ќе ви одат полесно од вообичаено, но не се опуштајте премногу. Ќе бидете со луѓе кои ве веселат, па нема да имате време да мислите на пропаднатата љубов.

ЈАРЕЦ

Малку работа, малку забава и нема да забележите дека денот поминал. Ќе се најдете во центарот на добра забава, а една личност го следи секој ваш чекор.

ВОДОЛИЈА

Помина напнатиот период, добро работите, но внимавајте на финансиите. Ќе сфатите дека е време малку подлабоко да ги разгледате нештата и да се зближите со личноста која одамна ви се допаѓа.

РИБИ

Одличен ден за уметниците и креативците. Одредени проблеми нема да ви дозволат да имате време за партнерот.

 

Коронавирус