сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 0
home Хороскоп

Дневен хороскоп за 1. ноември 2018 година

Дневен хороскоп за 1. ноември 2018 година

ОВЕН

Работа: Имате силна професионална сила. Морате тоа да го искористите што побрзо. Конкуренцијата ви се личности од знаците на Водолија или Лав.

Љубов: Партнерот мисли дека не сте доволно нежни и посветени кон дома и кон заедничката љубов.

Здравје: Чувствителен граден кош.

 

БИК

Работа:Не сте расположени за некоја тешка работа. Во текот на денот ќе имате активности кои произлегуваат од некоја приватна работа која бара многу од вас.

Љубов: Добар е денот денеска за оние Бикови кои си го сакаат домот, семејството и времето минато со најблиските.

Здравје: Мал проблем со очите.

 

БЛИЗНАЦИ

Работа: Сакате сда се одвоите од сите непријатности и неволји кои се во ваше опкружување па и во целиот свет, ако е тоа можно. Можеби е време да излезете од тој сон.

Љубов: Малку го занемарувате партнерот. Ќе почне да се сомнева во вашата верност, а тоа воопшто не е добро.

Здравје: Лесна депресија.

 

РАК

Работа: Денеска сте силни. Се менувате на подобро. Морате да се свртите кон своите идеи и се она што припаѓа на вас и новите проекти кои ги имате на ум.

Љубов: Партнерот е воодушевен од вашата сила, волја и истрајност да успеете.

Здравје: Јака волја лекува многу работи.

 

ЛАВ

Работа: Морате да внимавате од личности кои ви се блиски. Силата на умот и на телото знае да иритира од оние кои не знаат или некои кои мислат дека се паметни. Тие по можност избегнувајте ги.

Љубов: Слободните во знакот Лав ќе запознаат помлада личност. Можеби ќе се роди голема љубов.

Здравје: Топлината ви пречи.

 

ДЕВИЦА

Работа: Денеска енергијата ви е малку побавна, но тоа не е толку важно кога веќе сте испланитале што ќе правите во следната недела, следниот месец…

Љубов: Можеби е подобро да се свртите кон себе во моментов. Затоа што малку сте напорни во заедница.

Здравје: Не претерувајте во конзумација на беспотребни лекови.

 

ВАГА

Работа: Полни сте со идеи. Сакате да споите традиција и модерно. Во првата шанса тоа ќе им го соопштите на колегите.

Љубов: Внесувате друштвени активности во приватниот ќивот, и тоа вам ви се допаѓа, но на вашиот партнер не.

Здравје: Проблеми со гласните жици, опуштете го грлото.

 

ШКОРПИЈА

Работа: Кога вие одлучувате, сето тоа оди полесно, нормално по вас. Воспоставете рамнотежа поради полесна комуникација на работното место.

Љубов: Потребна ви е емотивна флексибилност за да биде сè полесно. Партнерот се чувствува како да сте му родител, а не партнер.

Здравје: Истражете ги вашите духовни цели.

 

СТРЕЛЕЦ

Работа: Од мравка правите слон. Засилената одговорност ве прави нервозни. Немате доверба во другите, и многу се сомневате. Искусните личности ќе ви помогнат.

Љубов: Немојте да се препуштите на сомнителни чувства. Никаде не водат.

Здравје: Грло, кашлица.

 

ЈАРЕЦ

Работа: Време е со ладна глава да влезете во целата приказна. Добро сте размислиле. Малку сте тешки во одлуките.

Љубов: Поминете ја вечерта во кругот на фамилијата и најблиските пријатели. Сите убаво се расположени.

Здравје: Истегнете ја кичмата.

 

ВОДОЛИЈА

Работа: Доаѓа до разидување на ставовите и на идеите. Потребно е да воспоставите рамнотежа. Менателниот негативен став никаде нема да ве доведе.

Љубов: Партнерот и вие имате специјални гости. Сакате да видат дека вие сте среќни.

Здравје: Посетете спа центар, масажа.

 

РИБИ

Работа: Малку сте строги кон соработниците. Сакате да работите заедно и сите учествувате во решавање на важни работи.

Љубов: Одлично се чувствувате, сексуалниот живот ви е одличен.

Здравје: Задоволувачко. Во здраво тело, здрав дух.