петок, 13. декември 2019. Вести денес: 121
home Хороскоп

Дневен хороскоп: Среќата на страна на Шкорпијата, Лавот успешен

Дневен хороскоп: Среќата на страна на Шкорпијата, Лавот успешен

ОВЕН

Ако сте се карале со некој од колективот, сега ве очекува шанса да најдете компромис. Убаво се сложувате со саканата личност и уживате во моментите кои ги минувате заедно. Не би требало да има проблеми.

БИК

Можно е прилично брзоплето да донесете многу важна одлука и подоцна поради тоа ќе се каете. Денешниот ден е поволен по ова прашање. Пред вас се некои убави промени. Настинка.

БЛИЗНАЦИ

Генерално сте задоволни од работната ситуација, може да очекувате дека судбината ќе ви биде наклонета. Интересно познанство е пред вас, како и поволна прилика за почеток на нова врска. Нема проблеми со здравјето.

РАК

Обврските ви се собираат и не ви е лесно да ја задржите својата контрола. Свесни сте дека ситуацијата меѓу вас и саканата личност не е добра, но не знаете на кој начин да ја смените. Проблеми со несвестица.

ЛАВ

Денеска ви успева да ги остварите своите планови. Наоѓате решенија за сите проблеми. Иако ви се чини дека сте нашле идеален партнер, ќе откриете дека, сепак, е личност која не ви одговара. Вртоглавица.

ДЕВИЦА

Можно е да остварите соработка која ќе се покаже како многу важна на долги патеки во иднина. Уживате во својата слобода и не сте подготвени за почеток на некоја љубовна врска. Проблеми со стопалата.

ВАГА

Поволен ден за решавање на некои административни прашања и за било какви судски постапки. Љубомората ве „јаде“ во овој период и односот со саканата личност станува лош. Наклонети сте кон воспаленија.

ШКОРПИЈА

Денеска решението на некој проблем доаѓа сосема лесно и неочекувано. Среќата ќе биде на ваша страна. Ќе минете романтичен ден со саканата личност. Ве очекува шанса за некој убав разговор. Посетете лекар поради контрола.

СТРЕЛЕЦ

Иако имате многу обврски, тоа не ви претставува проблем затоа што сте подготовени да се посветите на работата. Наскоро ќе влезете во нова врска со личноста која ќе ви покаже дека сака нешто сериозно. Внесувајте повеќе витамини и течности.

ЈАРЕЦ

Денеска нема да бидете толку зафаени како што сте, и ќе успеете да најдете малку слободно време. Од партнерот добивате се што ви е потребно и се чувствувате добро крај него. Имате многу позитивна енергија.

ВОДОЛИЈА

За сите родени во овој знак кои се занимаваат со приватна работа, денешниот ден ќе биде многу поволен на полето финансии. Подготвени сте за важни одлуки со саканата личност. Ве очекува поволен период. Добро.

РИБИ

Сте дошле до презаситување и подготвени сте да ја менувате работата. Чувствувате дека промената ви е неопходна. Очекувајте дека ќе запознаете личност која ќе ви биде многу значајна во иднина. Синусите се чувствителни.