среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 179
home Хороскоп

Дневен хороскоп: Шкорпијата да избегнува алкохол, поволен период за Близнаците

Дневен хороскоп: Шкорпијата да избегнува алкохол, поволен период за Близнаците

ОВЕН

Постепено може да ги остварите своите цели и да напредувате кога е во прашање работната ситуација. Љубов: Ако сте во врска, ве очекува период во кој ќе имате нови љубовни случувања со личноста која ви значи. Добро се чувствувате.

БИК

Сте решиле да се посветите на обврските и максимумот од енергијата да ја усмерите кон работа. Полека доаѓате до кризни моменти со личноста која ви значи. Од вашето трпение зависи дали ќе надминете се. Мали проблеми со крвната слика.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекуваат промени. Пред вас е поволен период да ги покажете своите идеи на ова поле. Новото познанство кое е пред вас, би можело да се покаже многу значајно. Проблеми со желудникот.

РАК

Ако се занимавате со приватна работа, сега е време да размислите за некои промени кои се неопходни за да се оствари подобрување. Ве очекува почеток на врска во која ќе имате можност за напредок. Проблеми со срцето.

ЛАВ

Чувајте се од соработниците кои не се искрени кон вас и кои би можеле да бидат наклонети кон тоа да имаат лоѓи намери. Не сте задоволни од односнот кој го имате со саканата личност и чувствувате дека таа теза се повеќе ве оптоварување. Проблеми со дишните патишта.

ДЕВИЦА

Можно е да имате поголеми трошоци на полето работа. Ве очекува период во кој нема да бидете незадоволни. Не сте фоусирани на односот со саканата личност, и можно е на некој начин да ви замерува. Добро.

ВАГА

Ве очекува поволен ден кога е во прашање работата. Пред вас е фаза во која ќе сакате да направите некои промени. Ви се допаѓа личност која делува оддалечено или на која не можете сосема лесно да и пријдете. Намалете со внес на мрсна храна.

ШКОРПИЈА

Подобрување на полето финансии ве радува. Имате впечаток дека сите работи ви се вртат на подобро. Имате чувства кон личност која ја познавате преку пријател, но на некој начин се плашите од нова врска. Избегнувајте алкохол.

СТРЕЛЕЦ

Очекувајте дека ќе успеете да ги остварите плановите кои сте ги имале за денеска. Саканата личност ќе сака да ви покаже дека сака да биде со вас на долги патеки и дека и значите. Водете сметка околу внесот на течности.

ЈАРЕЦ

Имате многу обврски и ве очекува поволен ден за поголем дел од работите да ги решите на позитивен начин. Ве очекува шанса за ново познанство со личноста која ќе покаже на некој начин дека е поинаква. Можен пад на имунитетот.

ВОДОЛИЈА

Можно е денеска да посакате слободен ден и некој одмор од работа. Ве очекува период кој може на ова поле да биде ризичен. Сакате ново познанство, сакате да влезете во врска. Мал пад на енергијата.

РИБИ

Не сакате повеќе да ја работите работата во која не верувате и која не ви одговара. Посветени сте на остварување на некои промени на ова поле.  Може да се надевате на убав ден и позитивни промени во односот со партнерот. Ќе ви годи физичка активност.