сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 9
home Хороскоп

Дневен хороскоп: Ракот со големи очекувања, Лавот пасивен

Дневен хороскоп: Ракот со големи очекувања, Лавот пасивен

ОВЕН

Размислувате да почнете нов работен проект кој би можел за вас да биде значаен. Не е поволен ден, лесно би можеле да дојдете до некои несогласувања и караници. Потребен ви е одмор.

БИК

Можно е од некои причини да не можете да се концентрирате на вашата работа, затоа што има некои работи кои што ви го свртуваат вниманието. Вашите очекувања на ова поле би можеле да ви донесат проблеми. Наклонети сте кон разочарувања. Проблеми со грбот.

БЛИЗНАЦИ

Во текот на денешниот ден може да имате поголеми трошоци од што сте планирале, па водете сметка околу тоа. Ве очекува шанса да се запознаете со личност која веднаш ќе ви стави до знаење дека е заинтересирана за вас. Наклонети сте кон воспаленија.

РАК

Имате прилично големи очекувања, а околностите во кои се наоѓате не се наклонети за работа. Саканата личност се труди да ви угоди. Покажете дека го цените трудот кој го вложува во вашата врска. Мали проблеми со бубрезите.

ЛАВ

Ве очекуваат доста обврски денеска, па постои можност многу време да поминете на работното место. Засега сте пасивни и не ви паѓа лесно да се активирате околу некои нови познанства. Мал пад на имунитетот.

ДЕВИЦА

Ако сте имале некоја караница во работното опкружување, ви доаѓа шанса страстите да се смират и ситуацијата да се разреши. Поволен период за љубов. Може да очекувате дека судбината ќе ви биде наклонета. Градниот кош ви е чувствителен.

ВАГА

Моментално не сте во најдобар период и нема да успеете да остварите се што планирате на ова поле. Односот со саканата личност се променил и ви се чини дека ситуацијата помеѓу вас е нестабилна. Проблеми со стомакот.

ШКОРПИЈА

Ќе донесете нова одлука на полето работа која ќе влијае на вашата кариера во иднина.  Ви се допаѓа личност која ќе се покаже како неискрена на некој начин. Водете сметка околу тоа. Можни проблеми со грлото.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува стабилност на ова поле. Немојте да очекувате било какви промени. Немате причина да се грижите за односот со саканата личност. Пред вас е период во кој ќе ги решите проблемите. Посетете лекар.

ЈАРЕЦ

Не ви е поволен ден на работното поле, можно е да бидете разочарани на новите околности. Можно е да се вљубите во личноста која во вашиот живот ќе се појави некако ненадејно. Вртоглавица.

ВОДОЛИЈА

Имате впечаток дека постои некоја пречка која во моментов не можете да ја надминете. Ве очекува интересна комуникација со личноста која сте ја запознале преку пријател. Можни проблеми со циркулацијата.

РИБИ

Очекувајте дека во текот на денешниот ден ќе успеете да решите некои важни проблеми.  Прилично сте задоволни со сложувањето кое го имате со партнерот и сакате вашата врска да напредува. Добро.