четврток, 24. јануари 2019. Вести денес: 74
home Хороскоп

Дневен хороскоп: Овој хороскопски знак го очекува заработувачка, а еве што ги очекува водолиите

Дневен хороскоп: Овој хороскопски знак го очекува заработувачка, а еве што ги очекува водолиите

ОВЕН

Работa: Немојте да верувате во сите гласини кои кружат околу вас. Не е секој трач вистина. Проверете ги убаво информациите.

Љубов: Можно е да ја идеализирате личноста која ви значи и не ви е лесно да ја прифатите реалноста.

Здравје: Низок притисок.

БИК

Работа: Најдобро би било да пробате подобро да се сконцентрирате на вашата работа. Од вас зависи исходот во околностите во кои ќе се најдете.

Љубов: Може да очекувате интересна комуникација со една Риба.

Здравје: Избегнувајте алкохол и сите пороци.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Може да се надевета на добар однос со соработниците. Пред вас е генерално поволен ден за ова поле.

Љубов: Ги криете своите чувства затоа што ниту самите не сте подготвени со нив да се соочите. Имате дилеми.

Здравје: Ќе ви годи масажа.

РАК

Работа: Ве очекува напнат ден и многу работни промени, пред вас се прилично менливи околности.

Љубов: Не сте подготвени за големи промени кога се во прашање емоциите.

Здравје: Посетете стоматолог за контрола.

ЛАВ

Работа: Ве загрижува тоа што околу себе немате адекватни соработници кои во работна смисла би можеле да ве поддржат на вистински начин.

Љубов: Можно е да имате некои кочници во своите обиди кон симпатијата.

Здравје: Чувствителна кичма.

ДЕВИЦА

Работа: Ве фаќа нервоза на работа. Имате впечаток дека нема да можете да постигнете се она што сте зацртале.

Љубов: Емоциите ви се во минус. Ни самите не знаете на кој начин да ги поправите околностите.

Здравје: Внесувајте повеќе витамини.

ВАГА

Работа: Некои одлуки кои сте ги донеле би можеле да ги смените во последен час. Исходот на работната ситуација ќе биде сосема неочекуван.

Љубов: Можете да се надевате на интересни случувања на љубовен план.

Здравје: Можни се проблеми со холестеролот.

ШКОРПИЈА

Работа: Не сте задоволни со ситуацијата на финансиското поле и потребно ви е доста време да ги поправите работите.

Љубов: На емотивен план чувствувате некоја нестабилност во односот со партнерот.

Здравје: Проверувајте го крвниот притисок.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Под голем притисок сте и не можете да носите вистински одлуки на работа. Поработете малку на вашето трпение.

Љубов: Партнерот максимално ви е посветен и на ова поле немате проблеми. Среќни сте.

Здравје: Главоболка.

ЈАРЕЦ

Работа: Ќе дадете се од себе да остварите позитивни поместувања на работното поле. Подготвени сте вредно да работите.

Љубов: Ви се допаѓа личност која делува оригинално и поинаку од другите.

Здравје: Мали проблеми со бешиката.

ВОДОЛИЈА

Работа: Пробајте да послушате совет од постар колега кој ќе го знае вистинскиот начин да ве упати во работата.

Љубов: Доаѓа до промени на емотивно поле. Иако не сте очекувале, врската со саканата личност доаѓа кон крајот.

Здравје: Добро.

РИБИ

Работа:  Доколку се занимавате со приватна работа, ве очекува шанса да остварите многу подобра ситуација околу заработувачката.

Љубов: На полето љубов не ве очекуваат промени во текот на денешниот ден.

Здравје: Водете сметка на желудникот, имате лошо варење на храната.