вторник, 18. декември 2018. Вести денес: 177
home Хороскоп

Дневен хороскоп: Одличен ден за бизнис за овој знак, а еве што ги чека раковите во текот на ноќта

Дневен хороскоп: Одличен ден за бизнис за овој знак, а еве што ги чека раковите во текот на ноќта

ОВЕН

Деловната средба поттикнува атмосфера на психолошка тензија или во настојување да се промени нечие мислење. Во деловното ривалство со одредени соработници ќе се покаже дека некој друг има повеќе среќа или ускуства. Наскоро ќе почувствувате емотивна нестабилност. Размислете каде сте погрешиле со саканата личност.

БИК

Нема потреба на некој од соработниците да му ја пренесувате вината за својот неуспех. Продолжена расправија ја покажува вашата несигурност или немоќност да преминете преку моменталната ситуација. Важно е да извлечете добра порака. Се наоѓате под дополнителен емотивен притисок, мора да испочитувате нечија желба или големи барања.

БЛИЗНАЦИ

Некој се обидува да Ве охрабри да размислувате поинаку или да ги прошири вашите видици. Ќе се покаже ново искуство во деловната соработка со повеќекратни придобивки. Покажете подготвеност за нов бизнис предизвик. Нема потреба да се игнорираат емоционалните сигнали на некој. Вашиот партнер делува многу провокативно.

РАК

Нема причина да се однесувате неправедно, кон лице кое има позитивна улога во вашиот бизнис или во општествениот живот. Соработката и договорот ве обврзуваат да ги почитувате заедничките правила или да ги почитувате различните афинитети. Ве очекува пријатно изненадување на средбата со саканата личност.

ЛАВ

Успехот што го постигнавте има пошироко значење и е добар пример за вашата околина. Прифатете ги корисните совети. Најдоброто признание е искрениот комплимент што го добивате од вашите соработници. Немојте да дозволите да се оддалечите со саканата личност, поради некој повик кој што сте го добиле.

ДЕВИЦА

Очекувате позитивни коментари и продолжување на бизнис, но ситуацијата дополнително се комплицира. Прифатете нечиј совет и исправете го вашиот неуспех. Важно е да се зачува присебноста на духот и вашите деловни интереси. Не кажувајте “тешки зборови” на некој близок. Ќе ви годи порелаксирана атмосфера.

ВАГА

Прилагодување на одредени услови е позитивен деловен знак, покажуваат дека имате доволно интерес за различни идеи. Креативноста изразена од вашите соработници може да се искористи на практичен начин. Имате големо влијание врз расположението на партнерот, не дозволувајте премногу да се разделувате.

СКОРПИЈА

Вашите бизнис идеи се перцепираат на различни страни. Вие сте во позитивен тренд и важни одлуки. Некој искрено ви помага да го подобрите вашиот бизнис или приватен статус. Важно е вашиот успех во бизнисот и емотивната среќа да трае што е можно подолго. Вниманието и емоциите посветете му го на вашиот партнер.

СТРЕЛЕЦ

Деловната тактика која ја спроведувате носи позитивни резултати, но некој дополнително ги проверува вашите способности. Не сакате кога соработниците ви поставуваат различни правила или ограничувања. Обидетесе да ја контролирате својата импулсивна природа. Делувате премногу вознемирено, па саканата личност ќе биде во големи дилеми.

ЈАРЕЦ

Вашето расположение отсликува добра волја и самодоверба. Лесно можете да се изборите за подобар пласман или за водечко место во кругот на соработници. Но, поради преголеми амбиции или нагласени афинитети кон материјалното царство, страда вашето семејсто. Сте направиле пропуст во однесувањето, кој може да биде проблематичен.

ВОДОЛИЈА

Сте го свртеле вниманието кон себе, но на погрешен начин. Потребна ви е нечија морална подршка и сигурна аистенција. Не дозволувајте да ве фати паника, и добро размислете кому треба да се обратите за деловна подршка. Упорно се обидувате да ги прикриете своите планови или некои емотивни траги.

РИБИ

Поминувате низ различни ситуации, но знаете да емитувате позитивни сигнали на својата околина и тоа придонесува за одредени резултати. На крај имате повеќе причини да бидете задоволни иако не изгледа се како што сте сакале. Нема причина да ја губите самодовербата. Емотивно сте вознемирени со многу дилеми.