вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 107
home Хороскоп

Дневен хороскоп: Биковите ќе уживаат, Рибите да внимаваат

Дневен хороскоп: Биковите ќе уживаат, Рибите да внимаваат

Овен

Поради добрите резултати за вашиот труд од минатата недела, време е да се почестите. Подгответе си вкусна храна и уживајте заедно со својот партнер. Внимавајте на финансиите, стрпете се од некои трошоци.

Бик

Уживајте потполно во денешниот ден. Наместо да размислувате на иднината, размислувајте само на сегашноста и на убавите работи денеска. Можни се промени во вашиот љубовен живот, мислете позитивно и ќе се случи најдоброто.

Близнаци

Овој ден ќе треба да донесете сериозна одлука за вашиот живот. Не бидете своеглави, консултирајте се со вашето најблиско семејство и со вашиот партнер. Одлуката која ќе ја донесете ќе ви донесе големи промени во животот.

Рак

Доколку имате храброст, промените во вашиот живот ќе влијаат позитивно и ќе бидат успешни. Денеска не бидете попустливи и вашата гордост нека биде на прво место. Дури и кога се работи и за пријателите и за партнерот.

Лав

Денеска ќе се чувствувате посебно весело, а и вашата енергија ќе биде на ниво. Затоа, искористете ја на најкорисен начин, посетете пријател, или пак поминете го денот со партнерот, кој и онака планира да го помине денот со вас.

Девица

Денеска бидете подготвени за неколку нови познанства. Исто така, одговорете на поканата која ја добивте од личноста која ви се допаѓа, време е за нешто ново. Внимавајте на здравјето, можно е да се чувствувате уморно поради пролетните алергии.

Вага

Наместо денот да го искористите додадувајќи се дома, искористете го за некоја трансформација. Нека биде ваша одлука дали ќе направите нешто ново со вашиот дом, или ќе направите нешто со вашиот изглед.

Шкорпија

Обврски и задолженија ќа има многу, па ќе бидете соочени со заостанување и недовршена работа. Важно е да не ги губите нервите и да водите сметка за тоа да не си допуштате многу со приговорите упатени кон вашите надредени.

Стрелец

Денешниот ден искористете го за тотален одмор на вашето тело. Потребна ви е релаксација и на мозокот, поради тоа денеска не донесувајте никаква одлука. Ви претстои долг разговор со личност од минатото, со која сте изгубиле контакт.

Јарец

Ќе имате чувство дека ништо не ви оди од рака, но немојте да се предавате. Некои луѓе ќе бидат критички настроени кон вашето однесување, а тоа вас ќе ве навреди, но сфатете го тоа како добронамерен совет.

Водолија

Доста беше излежување во својот дом, време е за забава. Денот поминете го надвор од дома, дружејќи се со своите пријатели. Посетете некој ресторан со вкусна храна, или некое новоотрорено кафуле. Здравјето е добро.

Риби

Внимавајте на здравјето. Прекумерните физички и интелектуални напори, влијаат на падот на вашата енергија и ве изложуваат на стрес. Вечер посветете се на самите себе, а ќе биде уште подобро доколку порано отидете на спиење.