понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 116
home Хороскоп

Девицата размислува за брак, Стрелецот во емотивна хибернација

Девицата размислува за брак, Стрелецот во емотивна хибернација

ОВЕН

Се обидувате да ги исправите грешките кои сте ги направиле, во желба работата да ја завршите што порано. Емотивно сте незадоволни од односот, така да се дистанцирате од партнерот. Истрошени сте, одмор ви е неопходен.

БИК

Амбициозни сте и точно знаете што сакате. Поставувате јасни цели и рокови. На емотивно поле нема подобрување. Врската е совршена и свесни сте дека нема враќање. Добро се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

Брилијантни сте на полето комуникации. Не случајно сте во преговарачкиот тим. Задоволни сте. Се прашувате дали е време да направите чекор напред и да го изненадите партнерот. Стабилно здравје.

РАК

Задоволни сте од соработката со колегите. Ви се допаѓа што сите имаат различни идеи и си давате поддршка едни на други. Емотивно сте задоволни и во целост сте посветени на другата половина. Добро се чувствувате.

ЛАВ

Барањето на работа дало плод. Добивате шанса која не сакате да ја пропуштите. Задоволни сте од емотивниот однос и се посветувате во целос на другата половина која се чувствува сакано и заштитено. Стабилно здравје.

ДЕВИЦА

Размислувате за работни решенија. Имате впечаток дека сите имаат добри страни, но и лоши. Ниту едно не ви делува добро. Емотивно сте презадоволни. Партнерот ги исполнува сите очекувања. Идејата за брак почнува да ве привлекува. Нервоза.

ВАГА

Задоволни сте од ситуацијата на работа. Работата се одвива онака како што сте очекувала, а вие размислувате како да напредувате. Не сте задоволни од емотивниот однос, но немате сила за решавање на проблемите. Дишните органи се чувствителни.

ШКОРПИЈА

Фрустрирани сте поради проблемите на работа. Немате повеќе сила да смислувате нови страгетии кои на крајот се покажуваат неуспех. Партнерот ви пружа поддршка и чувство на сигуруност. Лесно се изморувате, и ви треба одмор.

СТРЕЛЕЦ

Задоволни сте. Работите работа која ја сакате, а финансиска добивка дополнително ве стимулира. Во фаза на емотивна хибернација сте. Ниту нешто се случува, ниту вие работите нешто ситуацијата да се смени. Алергии се можни.

ЈАРЕЦ

Ја анализирате работната ситуација и одлуките кои сте ги донеле. Имате впечаток дека сте направиле некои ситни пропусти, па сега ги регулирате. Емотивно сте неисполнети и притоа немате идеја каде би можеле да запознаете нов партнер. Не сте расположени.

ВОДОЛИЈА

Фокусирани сте на финансии. Предност давате на обврските кои најбрзо ве носат до пари. Презадоволни сте од врската, но не сте подготвени за брак. Имате впечаток дека партнерот токму тоа го интересира. Проблеми со хормоните.

РИБИ

Не сте претерано сконцентрирани на работните обврски. Уморни сте од одговорност и стрес, а сакате љубов. Моментално нема промени на емотивното поле. Уморни сте и ви треба одмор.

Коронавирус