недела, 20. септември 2020. Вести денес: 82
home Хороскоп

ДЕТАЛЕН ГОДИШЕН ХОРОСКОП

ДЕТАЛЕН ГОДИШЕН ХОРОСКОП

Секоја година носи нови почетоци, а каква судбина ве чека во 2020 година според астролозите, прочитајте во големиот хороскоп за цела година.

ОВЕН

РАБОТА И КАРИЕРА: Внимавајте на вашиот огнен темперамент и фрустрации. Ќе бидете амбициозни, но внимавајте на своите цели. Лабавите односи со соработниците ќе бидат прекинати. Можеби ќе бидете турнати во ситуација кога ќе ја прекинете моменталната работа. Нема да сакате јавна работа, туку повеќе натпреварувачка. Обавезно да се спријателите со шефот, тоа ќе ви помогне да напредувате.
ЉУБОВ: Кога љубовта е во прашање, оваа година ќе се стабилизирате, но внимавајте на импулсивното однесување. Ако сте сами, размислувајте да излегувате со пријателите. Може да се вљубите и да имате „длабока“ врска.
ЗДРАВЈЕ: За здравјето се предвидува дека оваа година може да се чувствувате подобро ако поминувате повеќе време со пријателите надвор, отколку да гледате во екраните. Ќе имате многу лична енергија.

Хороскоп месец по месец:

Јануари – Ќе биде одлично време да почнете нов предизвик во својот живот

Февруари – Одличен месец за изградба на професионални и лични односи

Март – Мотивирачки месец и ќе имате енергија да ги работите најтешките задачи

Април – Најдобро време својата енергија да ја употребите за конструктивни идеји

Мај – Бидете внимателни и не се вклучувајте во амбициозни проекти кои нема да може да ги завршите

Јуни – Период во кој треба да бидете упорни и да имате трпение за тешките времиња кои ќе пројдат

Јули – Помагањето на другите ќе ви донесе радост и среќа

Август – Би можел да донесе поместувања во различните аспекти од вашиот живот

Септември – Интерес за духовно будење

Октомври – Ќе биде месец за многу работи кои се случуваат во вашиот живот

Ноември – Одете полека за да не направите некои загуби

Декември – Добар месец за вас, ќе се чувствувате одлично помагајќи им на другите

БИК

РАБОТА И КАРИЕРА: Вашите финансии би можеле да се подобрат. Ќе се чувствувате постабилно и сигурно во оваа област. Ќе решите и некој долг од минатото. Ќе се појави прилика за некакво хоби или хонорарна работа. Во летните месеци следува желба за промена на работата.
ЉУБОВ: Љубовниот живот оваа година ќе ви се стабилизира. Ако не сте во врска, тогаш е време да поработите нешто околу таа тема. Исто така е важно да ги засилите вашите врски со пријателите и фамилијата. Немојте да бидете импулсивни, бидете фини.
ЗДРАВЈЕ: Околу здравјето, пробајте да почнете навика на вежбање и да имате рамнотежа во исхраната. Одржувањето на идеалната тежина ќе биде главниот предизвик за вас оваа година.

Хороскоп месец по месец:

Јануари – Бидете внимателни за своето здравје

Февруари – Потребно е да имате трпение како кон личниот, така и кон професионалниот живот

Март – Ќе дојде до подобрување на финансиите

Април – Ќе биде потрошен на подобрување на изгледот на вашата криера. Фамилијата ќе биде во втор план

Мај – Поволен месец за патувања и финансиска добивка

Јуни – Одлично здравје и нови можности

Јули – Продолжете со новостекнатото знаење и вештини и ќе добиете шанса да преминете на подобро работно место

Август – Ќе добиете пари од неочекуван извор

Септември – Идеален месец за пријателите и семејството

Октомври – Луѓето ќе погрешат за вас и ќе мора да сносат последици

Ноември – Време за нови почетоци. Ќе бидете благословени со среќа и веселба

Декември – Вистинско време за уживање и одење на долг одмор

БЛИЗНАЦИ

РАБОТА И КАРИЕРА: Оваа година ќе дадете се од себе ако работите самостојна работа, иако стресот нема да даде мир. Минатата година сте имаше „караница“ со работниот авторитет, но тоа ќе се смени во Новата 2020 година. Ќе носите подобри одлуки, а можно е унапредување.
ЉУБОВ: Љубовниот живот ќе ви биде поинтензивен. Не треба да очекувате премногу од вашиот партнер и пробајте да зборувате со него ако имате проблеми. Ќе бидете полни со самодоверба и благодарност.
ЗДРАВЈЕ: Ако се обидувате да слабеете, морате повеќе да вежбате. Пробајте да го одморите малку умот. Обавезно одете на сите физички и медицински прегледи, и брзо ќе се смените и ќе станесте свесни за исхраната, подготовката, вежбањето и своето тело.

Хороскоп месец по месец:

Јануари – Време е да размислите околу следниот потег, повеќе концентрирајте се на вашето образование

Февруари – Одличен месец за интелектуални активности

Март – Ќе биде тежок момент да останете мирни кога гледате дека нешто не е во ред

Април – Добар месец за подобрување на односот со пријателите и семејството

Мај – Ќе биде страствен и емотивен месец. Вежбајте медитација

Јуни – Ќе биде енергичен месец кога ќе посакате да работите нешто ново

Јули – Вистинско време за планирање на иднината. Било тоа да е нова кариера или врска во прашање, ова е добар месец за размислување

Август – Ќе биде месец на професионални пресврти. Тешки времиња може да дојдат пред вас

Септември – Месец кога треба подобро да комуницирате со своите сакани и колеги

Октомври – Ќе морате да носите важни одлуки кои би можеле да ја сменат вашата иднина

Ноември – Време кога ќе уживате помагајќи на другите луѓето и тоа ќе ви донесе мир

Декември – Ќе биде „турбулентен“ месец. Разни сили ќе ве влечат во различни правци

РАК

РАБОТА И КАРИЕРА: Можеби ќе дојде до некоја тешка караница на работното место. Веројатно ќе се натпреварувате со некого. Ќе имате среќа со финансиите, и ќе имате доволно пари за неопходното, па дури нешто и да ви остане. Ќе имате зголемена самодоверба а тоа може да ви донеесе нови можности. Контролирајте ги само вашите финансии, не се мешајте во другите.
ЉУБОВ: Откако ќе сфатите што сакате од вашата врска, ќе ја барате љубовта на вашиот живот. Ќе може да бирате, и слободно бидете избирливи. Креативноста во фамилијарните врски ќе биде прусутна и ќе се пренесе на вашиот свет.
ЗДРАВЈЕ: Енергијата ќе ви варира, но треба да се одлучите често да вежбате. Наметнете ритам на вежбање и вашата напорна работа ќе се исплати. Во текот на летото ќе зрачите со здравје и добрата ситуација.

Хороскоп месец по месец:

Јануари – Месец на преиспитувања и збрки

Февруари – Период во кој треба да внимавате што се случува околу вас

Март – Вистинско време за студентите да го продолжат образованието

Април – Ќе биде емотивен месец

Мај – Одличен момент да ја насочите енергијата на работите кои бараат ваше внимание

Јуни – Ќе биде исполнет со нови можности кои ќе бидат во ваша корист

Јули – Ќе бидете среќни од сите аспекти на животот

Август – Поволен месец за почнување на нов проект на кој сте работеле минатите месеци

Септември – Месец кога би требало да бидете подготвени да се соочите со сите препреки кои ви се најдат на пат

Октомври – Поволен месец кога ќе влезете во врска

Ноември – Период кога мора два пати да размислите пред да донесете некоја голема одлука

Декември – Само љубов и романтика

ЛАВ

РАБОТА И КАРИЕРА: Оваа година на работата ќе бидете поконцентрирани отколку минатите години. Вашата работа ќе биде лесна и нема да имате претерано многу работа. Почнете да градите „темели“ за некоја работа, и тоа ќе ви се исплати кон средината на 2021 година. Време е своите финансии да ги воведете во ред.
ЉУБОВ: Можеби ќе постојат некои проблеми, особено ако не сте со вистинската личност. Ако барате нова врска, ќе бидете среќни со некоја врска без обврски, отколку со некоја сериозна.
ЗДРАВЈЕ: Ќе се чувствувате поимпулсивини од обично и ќе сакате да пробувате нови работи. Чест проблем кај Лавовите е недостакот на сон, и пробајте да работите на тоа. Ќе бидете ставени на тест, на некоја прунудна дисциплина. Вложувајте во вежбање.

Хороскоп месец по месец:

Јануари – Добро време за преиспитување на самите себе и идното планирање

Февруари – Треба да направите комплетни планови наместо да ја „кршите главата“ за ситни работи

Март – Вистинско време за романса и љубовна врска. Не почнувајте нешто ново

Април – Месец кога ќе се соочите со она што се случува околу вас

Мај – Одличен месец за Лавовите кои почнуваат нови предизвици и помагаат на другите

Јуни – Поволен месец кога со животот ќе се соочите со насмевка на лицето

Јули – Време кога морате да ги искористите шансите кои ви тропаат на врата

Август – Поволен месец во кој ќе бидете полни со енергија и страст

Септември – Месец за дружење и забава, но не претерувајте

Октомври – Стабилен, мирен месец

Ноември – Добар месец за учениците, и финансиите ќе бидат одлични

Декември – Идеално време за да одморите со вашите најблиски

ДЕВИЦА

РАБОТА И КАРИЕРА: Промените кои сте ги направиле минатата година, ќе влијаат на работата во оваа. Обратете внимание на вашиот буџет, пробајте да заштедите нешто за во иднина. Вашата кариера годинава може да се смени драстично, односно да влезете во некоја нова работа која ќе биде за вас „нов свет“. Во воздухот се чувствува возбуда, нешто што не сте почувствувале долго време.
ЉУБОВ: Ако го сакате вашиот приватен живот, тогаш сте среќни. Ако сте нашле нешто што ви одговора, пробајте да го сочувате. Ако не, тогаш некои работи треба ги менувате. Ќе ги подобрите своите односи со пријателите и со семејството. Можни се пресврти во врските во оваа година. За оние слободните, време е за нов почеток, па дури и да започнете некоја врска која тргнала од минатото.
ЗДРАВЈЕ: Здравствени проблеми нема да има многу оваа година, ќе имате чист воздух за активен живот. Во средината на минатата година дошло до пресврт во вашиот живот, и време е да се подготвите за тоа во 2020. Ќе имате многу енергија која ќе ја користите за многу работи.

Хороскоп месец по месец:

Јануари – Идеално време за почнување на нови предизвици или промена на работата

Февруари – Исполнет со изненадување и ситуации кои не се под ваша контрола

Март – Вистинско време за воспоставување на нови пријателства и воспоставување контакт со луѓето кои сте ги заборавиле

Април – Ќе биде мешан месец кој ќе почне со позитивна нота

Мај – Тежок месец. Генерално ќе бидете несигурни во одлуките кои ќе ги носите

Јуни – Месец кога ќе се однесувате против својата природа и ќе бидете во искушение да носите брзи одлуки

Јули – Добар месец да ја погледнете својата внатрешност и да пронајдете одговор за многу прашања

Август – Умот ќе ви биде во мир и ќе може да донесете важни одлуки

Септември – Вистинско време за развивање добри односи со семејството

Октомври – Одличен период за помош на другите

Ноември – Ќе видите да водите среќен и успешен живот на начин на кој вие сакате

Декември – Ќе биде исполнет со насмевка и радост, ќе бидете возбудени поради различни случувања во вашиот живот

ВАГА

РАБОТА И КАРИЕРА: Ќе работите повеќе од вобичаеното. Немојте да се чувствувате дека морате се сами. Прифатете тимска работа. Ќе имате мали трошоци, и ќе оставите „дупка“ во буџетот, но пробајте да заштедите нешто, иако на моменти парите ќе ви доаѓаат од различни страни, неочкувано. Барајте добри соработници и совети од нив.
ЉУБОВ: Постои мала шанса за немир во вашата врска. Немојте да ги заборавите лекциите од минатото. Ќе имате доста кратки патувања, многу интеракција и ќе стекнете и нови соработници. Оваа година ќе ви биде мирна за „пловидба“ за просечните Ваги. Уживајте и искористете ја.
ЗДРАВЈЕ: Вистинска година да го смените вашиот физички изглед на подобро. Ќе мора да спиете доволно, да бидете фокусирани на здравјето, а не со прејадување, здраво да се храните и да вежбате. Тоа ќе ви помогне да изгледате подобро.

Хороскоп месец по месец:

Јануари – Вистинско време лесно и добро да се испланира иднината

Февруари – Важен период да почнете нови предизвици

Март – Проблемите ќе влијаат на вашиот ум и можеби малку ќе бидете вознемирени

Април – Мора да ги врамнотежите своите мисли и постапки

Мај – Вашата додатна енергија ќе ја искористите за добри и корисни работи

Јуни – Просечен месец кога работите ќе се одвиваат по нормално темпо

Јули – Многу работи ќе одат во ваша користи и мора да се приспитате себе

Август – Не е вистинско време да завземете став против проблемите кои ве мачат

Септември – Одличен период за вљубување и венчање

Октомври – Поволен период за работни односи

Ноември – Време кога се ќе се одвива во ваша корист, но не треба да одите преку границите

Декември – Одличен момент за поминување со саканите личности

ШКОРПИЈА

РАБОТА И КАРИЕРА: Оваа година нема да биде продуктивна. Ќе ви биде здодевно на вашата моментална работа. Затоа, пак, ќе бидете опуштени кога е финансиската ситуација во прашање. Ќе ги платите сите долгови. Резултатите од вашата работа ќе бидат на видик оваа година. Продолжете така, но немојте да бидете премногу агресивни. Во секој случај ќе бидете задоволни.
ЉУБОВ: Љубовниот живот речиси во иста мера ќе ви биде идентичен како и во минатата година. Сепак, се предвидуваат мали промени во однос на страста. Но, ќе мора брзо да делувате. Ако сте сами, ќе останете сами. Ако сте во врска, ќе имате ист однос на крајот од годината. Само ќе бидете повеќе искусни и позближени, за оние кои се во врска.
ЗДРАВЈЕ: Ќе имате повеќе енергија од минатата година. Најдете начин како ќе го искористите вишокот на енергија. Провајте да ја врамнотежите исхраната, особено во првите месеци. Здравјето ќе биде добро, со исклучок на тоа дека може да ги загубите старите навики. Добро размислувајте кога е вашето здравје во прашање.

Хороскоп месец по месец:

Јануари – Ќе се препуштите на многуте задачи, од кои поголемиот број ќе бидат бескорисни и безвредни

Февруари – Период кога ќе чувствувате дека немате контрола над работите

Март – Треба да одите полека и внимателно

Април – Се ќе функционира во ваша корист. Но, немојте да се впуштате во нешто што не е потребно

Мај – Добар месец за подмладување и пронаоѓање на смислата во животот

Јуни – Ќе биде месец кога ќе треба да ги решавате работите лесно. Добро планирајте го спроведување на задачите

Јули – Вистинско време да се вратите на задачите кои не сте ги завршиле

Август – Ќе најдете внатрешен мир, а дури тогаш ќе бидете во можност да ги прифатите отрфлањата со кои би можеле да се соочите

Септември – Доаѓаат лоши навики од кои би можеле да станете зависни. Бидете внимателни.

Октомври – Ќе биде полн со љубов и топлина. Ќе бидете благословени и ќе ја делите својата среќа со другите

Ноември – Тоа е вашиот месец на раѓање, и не може ништо да ве сопре

Декември – Одличен период за љубов, романтика, бременост и нова врска.

СТРЕЛЕЦ

РАБОТА И КАРИЕРА: Добра година за напредок. Ќе работите повеќе од вобичаеното. Можеби ќе добиете некои корисни совети од надредените, или ќе почнете нова работа. Ова е убава година за финансиски план. Ќе ги отплатите долговите, и ќе сочувате нешто и за иднина. Во новата година ви се предвидува повеќе образование, патувања и филозофија. Ако планирате некои заеднички вложувања, бидете малку внимателни.
ЉУБОВ: Оваа година ќе бара промена на темпото во вашиот љубовен живот. Ако сте сами, тогаш е време да почнете да барате нов партнер. Ако сте во врска, тогаш ова е добра година да ја напуштите врската ако таа ви носи проблеми. Во мислите ќе ви се врти дали да влезете во брак.
ЗДРАВЈЕ: Ќе имате неколку предизвици по ова прашање. Ќе имате контакти со здравствените установи, но тоа ќе биде врзано за вашата работа. Вашата енергија ќе биде висока, интуицијата ќе ве служи, ќе имате внатрешен мир и задоволство.

Хороскоп месец по месец:

Јануари – Несигурност во следниот чекор кој треба да го превземете

Февруари – Месец за љубов и романтика. Размислите добро пред да почнете нова врска

Март – Морате да бидете внимателни кон луѓето со кои доаѓате во контакт

Април – Поволен месец за лично и професионално усовршување

Мај – Месец на напредок ако тргнете напред со вистински став

Јуни – Добар месец да го организирате својот ум, живот и идеи, за да нема одложувања и доцнења

Јули – Период кога ќе бидете во потрага за пронаоѓање на одговори на сите неодговорени прашања

Август – Месец кога би требало да внимавате на своите постапки

Септември – Може да биде време кога треба да бидете внимателни во врска со акциите кои ги превземате

Октомври – Поволен месец за кариера и нови работни предизвици. Финансиите ќе бидат позитивни

Ноември – Среќен месец за сите кои ќе ја минат со своите најмили

Декември – Вистинско време за патување и одмор. Можеби ќе одите на некое работно патување

ЈАРЕЦ

РАБОТА И КАРИЕРА: Целите ви се јасно дефинирани. Ќе имате потешкотии околу финансиите, но исто така и многу можности. Немојте да ги заборавите вашите цели. Вашето најдобро време ќе биде кон крајот на годината за промени и напредување. Ред, организација и авторитет ќе бидат изразени посебно кај Јарците. Други луѓе би можеле да ви бидат пречка околу вашите финансии. Паметно е да вложувате во имот, за да ви се исплати.
ЉУБОВ: Вашиот љубовен живот ќе биде центар на вашиот живот. Сконцентрирани ќе бидете на врска, веридба, венчање, дури и раѓање на дете. Ако не сте во врска, а сакате да бидете, тогаш побарајте го партнерот меѓу вашите пријатели. Некоја од тие личност ќе биде добар партнер. Ќе продолжите со борбата за балансирање помеѓу љубовта и работата, семејството и домот.
ЗДРАВЈЕ: Најдете време за вежбање и балансирана исхрана. Редовно посетувајте лекар и стоматолог. Вашата ситуација ќе остане непроменета. Би било паметно малку да завземете работна дисциплина и режим, за да имате подоброено здравјето. Не ја трошете енергијата на непотребни работи.

Хороскоп месец по месец:

Јануари – Вашиот роденденски месец и ќе биде исполнет со радости и позитивни работи

Февруари – Возбудлив месец кога на ум ќе имате повеќе планови во исто време

Март – Добар месец за високо образование или стекнување на некои вештини на работа

Април – Месец на интроспекција и планирања. Добро размислете пред да донесете конечна одлука

Мај – Вистинско време своите планови да ги спроведете во дело. Не се сомневајте во вашите можности

Јуни – Период кога треба внимателно да тргнете напред, но не да носите брзи одлуки

Јули – Морате да го водите својот тим до победа. Мора вие да направите прв потег

Август – Потребна ви е рамнотежа во сите моменти. Учењето од искуството може да биде корисно

Септември – Морате да прекинете да се занимавате со мали проблеми, и наместо тоа размислете за планот во целост

Октомври – Инспиративен месец кога ќе бидете фокусирани на постигнување на својата цел

Ноември – На другите им е потребна вашата поддршка, љубов и помош. Не размислувајте два пати пред да помогнете некому

Декември – Планирајте го вашиот љубовен и професионален живот

ВОДОЛИЈА

РАБОТА И КАРИЕРА: Ѕвездите ви предвидуваат дека ќе успеете во вашата работа оваа година. Ќе треба повеќе да соработувате со колегите. Пробајте да не бидете импулсивни на работа. Немојте да се грижите за пари, ќе имате пари да платите сметки и да платите некои долгови. Ќе добиете некои иновации, ќе најдете свој начин за вршење на некои работи. Едноставно ќе зрачите со самодоверба.
ЉУБОВ: Ќе имате дополнителна страст со својот партнер. Ако немате партнер, тогаш вистинска година за наоѓање. Ќе бидете повеќе романтични и шармантни. Вашата спонтана природа ќе внесе малку забава и возбуда во вашиот брачен однос. Оваа година веројатно ќе бидете поемотивни кон своите пријатели и семејството. Ќе биде добра година ако планирате дете. Избегнувајте луѓе со кои не се разбирате, бидејќи може да ви донесат само лошо расположение, па дури и да ве пореметат во работата.
ЗДРАВЈЕ: Ќе мора да одлучите што сакате да направите со себе и со своето здравје. Ако можете вежбајте, но во граници на нормалата. Пијте повеќе вода, јадете добро. Во оваа година ќе ви треба добро здравје, затоа што вашата врска и партнерство ќе предизвикаат голем стрес. Релаксирајте се во природа, односно што помалку време минувајте пред екраните на компјутерите, мобилните телефони и слично.

Хороскоп месец по месец:

Јануари – Би требало да избегнувате носење на главни одлуки. Само уживајте

Февруари – Морате да ја исчистите вашата внатрешност и да престанете да размислувате негативно за другите

Март – Ќе биде месец на друштвени случувања кога постои шанса да се вљубите

Април – Ќе биде месец на висока енергија кои треба да ги усмерите во вистински правец

Мај – Би можело да дојде до некои пореметувања во вашето здравје. Обавезно чувајте се од инфекции

Јуни – Месец кога треба да имате отворен ум и да ги одработувате идеите на вистински начин

Јули – Ќе видите дека сте отворени за разни нови можности кои може да изгледаат здодевно на почетокот

Август – Вистинско време за спроведување на своите сништа и планирања

Септември – Одличен месец за успех во нова љубов и брак

Октомври – Ќе ви се чини многу тежок, но треба да фатите чекор и да тргнете напред

Ноември – Поволен месец за решавање на проблеми во врската

Декември – Ќе биде исполнет со радост и среќа додека вие ги минувате празниците со саканите

РИБИ

РАБОТА И КАРИЕРА: Работата ќе ве инспирира повеќе да напредувате во новата година. Користете ги своите природни вештини и талент да се истакнете. Оваа година нема многу да бидете фокусирани на парите, што би можело да предизвика финансиски проблеми. Ќе бидете подготвени да ризикувате и ќе откриете дека вашата работа по ваш избор ќе донесе поголемо задоволство. Можеби нема да видите промени по вас, но другите тоа ќе го забележат.
ЉУБОВ: Вашиот друштвен живот ќе „процвета“. Ако се во врска, тогаш работите ќе станат уште подобри. Ако сте сами, тогаш ќе запознаете нова љубов или две. Научите да ги избегнувате оние кои ништо не ви носат. Ако сте во брак, ќе тежите да го одржите. Ако сте сами, ќе сакате така и да остане. Оваа година е посветена на вас самите. Ова не е година во која ќе ја откриете вашата сродна душа.
ЗДРАВЈЕ: Оваа година ќе имате повеќе енергија. Време е да почнете да водите сметка за себе. Почнете со вежбање и престанете со своите лоши навики. Немојте да се сомневате во себе и бидете упорни. Меѓутоа внимавајте. Во миговите кога се чувствувате незадржливо, нешто ќе ја земе цената на вашето здравје. Но, ќе бидете подготовени да направите работи за да го вратите здравјето во нормала.

Хороскоп месец по месец:

Јануари – Чувствителен месец. Ќе мора да ја вратите енергијата со правилно опуштање и медитација

Февруари – Месец на промени, и треба да бидете подготовени да се соочите со нив

Март – Ќе биде креативен месец кога ќе имате шанса да работите на своите вештини

Април – Емоционален и деликатен месец. Немојте да се чувствувате повредени поради односот на луѓето

Мај – Напорно ќе работите. Немојте да барате пречки, затоа што нема да ви помогнат

Јуни – Морате да забавите. Подобро да ја согледате ситуацијата, отколку да водите загубена битка

Јули – Напорен месец. И финансиите можеби ќе бидат слаби

Август – Ќе бидете сомничави околу се што се случува

Септември – Доста активности. Само работите на оние работи кои сметате дека можете целосно да ги завршите, а не се да оставите на пола направено

Октомври – Време кога треба добро да размислите пред да превземете некоја акција

Ноември – Позитивен месец кога ќе можете да го визуализирате она што го сакате од животот

Декември – Полно нерешени прашања на кои само вие имате одговор

 

извор: ТВ21

Коронавирус