недела, 22. септември 2019. Вести денес: 0
home Хороскоп

Дали е ова најдобриот маж меѓу хороскопските знаци?

Дали е ова најдобриот маж меѓу хороскопските знаци?

Секој човек има свои доблести и маани кои го прават уникатен, но експертите кои се занимаваат со астрологија веруваат дека положбата на планетите и хороскопскиот знак можат многу да влијаат на карактерот на личноста. Затоа, според ова, може да се издвои еден знак, кој ако го одберете за маж, никогаш нема да се покаете!

Наводно, мажите родени во знакот Бик имаат најдобри карактеристики!

Мажот Бик е благ, добродушен и верен. Никогаш нема да го занемари својот дом и своето семејство. Тој нема да ви ветува брда и долини, но сѐ што дава е од срце. Вашиот дом ќе го претвори во удобно и топло катче. Женствената и разумна жена ќе ја чувствува целосната сила на неговата нежност и внимателност, сензуалност и љубов.

Мажот роден во овој знак поседува истрајност и упорност. Кога нешто сака, тоа ќе го добие. Искуството и сопственото доживување се единствени критериуми за овој маж. Тој секогаш го претвора апстрактното во материјално.

Никој не е трпелив колку Бикот. Луѓето родени во овој знак се познати по својата бавност и промисленост поради кои никогаш не се откажуваат од својата цел, ниту од својата сакана. Иако тешко започнуваат и тргнуваат, кога еднаш ќе се одлучат, ништо нема да ги сопре. Секогаш можете да се потпрете на нив поради својата упорност, рационалност и стабилност.

Тие сакаат да успеат, но не им е цел само да работат и да бидат успешни – сакаат да уживаат во животот, да изградат дом, семејство, да остават нешто зад себе. Добро ги контролираат своите чувство, апсолутно се предани на своите задачи. Имаат јасни цели кои сакаат да ги постигнат.

Се работи за добри луѓе, но не и наивни. Лесно можат да ги препознаат оние кои сакаат да ги искористат и со таквите луѓе се строги и груби. Мажот Бик не е расипник, но сака да си дозволи одредени мали луксузи.

Бикот навистина е идеален сопруг, полн е со внимание, трпение, грижа.

Тој е страствен и мил, а сепак реален маж. Мажите родени во овој знак се познати како големи заводници, но сѐ се менува во бракот.

Мажот Бик ги обожава своите жена и деца и секогаш се труди да им осигура најдобри услови, емотивна сигурност, добро образование, интересни патувања, забава, квалитетна храна… сѐ што нуди овој свет.

Кога еднаш ќе се ожени, тешко се разведува.