вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 165
home Хороскоп

Четири хороскопски знаци кои најтешко се справуваат со раскинувањето

Четири хороскопски знаци кои најтешко се справуваат со раскинувањето

Некои луѓе се поемотивни за разлика од други, па затоа тешко се носат со промените и разделбите. Кои се хороскопските знаци кои најтешко се справуваат со раскинувањето?

Рак

Раковите се најемотивниот знак во Зодијакот, а љубовта и семејството им се на прво место. Секогаш ги идеализираат работите, па не можат да живеат во реалноста. Не ги сакаат промените, се плашат од разделбите и затоа се обидуваат да ја задржат љубовната врска на секаков начин. Дури и кога ќе прекинат, се обидуваат да останат во контакт со поранешниот партнер.

Риби

Дури и кога ќе најдат нова љубов, хороскопските знаци ги чуваат спомените од поранешниот партнер. Нивниот период на закрепнување трае долго, па самите се мачат живеејќи во минатото.

Шкорпија

Шкорпиите се чувствителни и силни, но и страствени личности. Тие уживаат во љубовната врска и за секој партнер мислат дека е вистинскиот. Тешко прифаќаат дека нивниот поранешен партнер среќата ја нашол на друго место.

Бик

За нив, раскинувањето е болен и долготраен процес, а никогаш нема да го признаат тоа. Биковите тагуваат во себе, иако на прв поглед се чини дека раскинувањето не ги погодува.