понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Хороскоп

Биковите се добродушни, но не и наивни: Среќа е ако имате во близина луѓе од овој хороскопски знак

Биковите се добродушни, но не и наивни: Среќа е ако имате во близина луѓе од овој хороскопски знак

Бикот е решителен, темелен и упорен. Како и останатите земјени знакови, рационален, внимателен и аналитичен, но не „ситничар“ како Девицата, ниту опседнат со кариерата како Јарецот.

Сака да успее, но не му е целта само да работи и да биде успешен – сака да ужива во животот, да изгради дом, семејство, да остави нешто зад себе. Добро ги контролира емоциите, апсолутно е посветен на задачите што си ги поставува, а стекнувањето и поседувањето најмногу го исполнуваат.

Има јасни цели кои сака да ги достигне, но не и соништа, бидејќи не е тип сонувач и идеалист, кој тежнее кон нешто што не може да го оствари.

Многу е трпелив, тврдоглав и истраен, а од своите цели ретко отстапува, освен кога е разочаран.

Може деноноќно да работи без престан, но исто така има периоди на мрзеливост, пасивност и малодушност. Тој е меланхолик кој сака да се препушти на спомените и на љубовните соништа, заборавајќи на битни работи кои мора да ги заврши.

Но има доволно одлучност и сила да почне навреме. Најчесто се добродушни, но не и наивни. Ги препознаваат оние кои сакаат да ги искористат, а кон нив знаат да бидат исклучително строги и груби. Во друштво не важат за зборлести, не се ни посебно забавни, ни духовити, но сакаат такви личности. Не припаѓаат ни во расипниците, но кога се во прашање личните задоволства, „рацете му се широки“.

Парламентарни избори 2020