понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Хороскоп

Бикот се обидува да ја импресионира околината, Ракот да внесува повеќе витамини

Бикот се обидува да ја импресионира околината, Ракот да внесува повеќе витамини

ОВЕН

Понекогаш е тешко да се стави знак на еднаквост помеѓу гласот на разумот и бурните емоции. Некој ве предизвикува на емотивна реакција. Се чувствувате најдобро кога одржувате сè под строга контрола и кога се потврдува деловната проценка. Ќе ви годи психолошка релаксација и опуштање.

БИК

Наместо да размислувате за нечии недостатоци, подобро е посериозно да погледнете во своето однесување или пропустите што ги правите. Постојано се обидувате да ја импресионирате вашата околина. Сепак, успехот не се остварува на лесен и едноставен начин. Важно е да имате силна мотивација и добра волја.

БЛИЗНАЦИ

Во средбата со саканата личност, повеќето настани не ви се допаѓаат, но вие добро се снаоѓате во секоја прилика. Некој се обидува да ги диктира правилата на деловно однесување. Имате впечаток дека од вас се очекува повеќе отколку што можете да направите. Ќе ви годи некоја од техники на психолошка релаксација.

РАК

Чувствувате емотивно полетување, некој ве инспирира за добра забава. Бидете доволно имагинативни во друштво на саканата личност. Ако ви недостасуваат доверливи информации, не давајте лекомислени ветувања, туку барајте нечие посредување. Додадете повеќе витамини и течности во вашата исхрана.

ЛАВ

Постои добра причина да прифатите нечија покана за средба или излегување. Дајте се од себе за да ја израдувате и усреќите вашата сакана личност. Вие сте разочарани од нечие однесување и ова ви дава право да го преиспитате меѓусебниот договор или вашата улога во деловната соработка. Насочете ги мислите во позитивна насока.

ДЕВИЦА

„Грдниот“ дел од реалноста влијае не само на вас, туку и на вашата сакана личност. Бидете повнимателни во љубовниот дијалог. Вешто избегнувате да се сретнете со личност која има негативен став за резултатите од вашата деловна активност или вашиот стил на изразување. Чувајте ја смиреноста на духот и „зрната мудрост“.

ВАГА

Без оглед на вашиот статус или возраст, прифатете ја играта на заведување. Покрај саканата личност секогаш има поубав и привлечен дел од реалноста. Важно ви е да направите сценски впечаток на околината, затоа повремено ги преценувате вашите идеи или планови што ги промовирате. Вие сте во одлична форма.

ШКОРПИЈА

Постои личност која може да ве расположи, обрнете внимание на некои поведри теми. Партнерот очекува да го исполните своето ветување. На некои луѓе им недостасува чесност и трпеливост, па состанокот се претвора во дискусија за важноста на различните деловни цели. Избегнувајте стресни или напорни ситуации што ве мачат.

СТРЕЛЕЦ

Изненадете ја вашата сакана личност на невообичаен начин, ако имате доволно имагинација сè може да се промени во позитивна насока. Некој ги предизвикува вашите идеи или влијанието што го имате во бизнисот. Со неколку добри потези, можете да ги решите вашите проблеми. Важно е да се одржи позитивно расположение.

ЈАРЕЦ

Коментарите што ги слушате од вашата сакана личност имаат позитивен ефект врз вашата самодоверба и ве поттикнуваат на подобро расположение. Кога ќе ја погледнете деловната сцена од различни аспекти, ќе биде појасно како треба да ги решите вашите дилеми. Избегнувајте лоши навики и деструктивно расположение.

ВОДОЛИЈА

Закажете состанок со лицето кое ве инспирира на добро расположение. Опуштете се во блиско друштво. Деловните проблеми со кои се соочувате бараат добра концентрација и сигурни соработници. Не дозволувајте првиот впечаток да ве измами. Разубавете го вашиот изглед, како поттик за добро расположение.

РИБИ

Индиректно се обидувате да влијаете на нечија одлука. Блиско лице го забележува вашето латентно незадоволство. Вие не можете да ги решите деловните проблеми според утврдениот протокол, но докажувањето правда не е ваша примарна цел. Избегнувајте непријатни ситуации и нови возбудувања.

Коронавирус