недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 71
home Хороскоп

Бикот полн со енергија, Лавот подготвува изненадување на партнерката

Бикот полн со енергија, Лавот подготвува изненадување на партнерката

ОВЕН

Во целост сте посветени на обврските и се трудите што повеќе да одработите. Емотивно сте задоволни. Новата година ја почнувате во добро расположение и во друштво со саканата личност. Стабилно здравје.

БИК

Полни сте со енергија и обврските ги одработувате на одговорен и брз начин. Задоволен сте од односот со партнерот. Имате изненадување за него и со нетрпение чекате да ја видите неговата реакција. Бубрезите се чувствителни.

БЛИЗНАЦИ

Немате никаква концентрација и ги оставате работите. Со нетрпение го чекате крајот на работното време. Слободното време го посветувате на саканата личност. Влегувате во новата година емотивно задоволни. Ограничете го внесот на храна.

РАК

Работата не ве интересира, а не сте ни сконцентрирани. Одработувате некои рутински работи за да излезе дека нешто работите. Слободното време го посветувате на семејството. Уживате затоа што, конечно, сите сте на едно место. Наклонети сте кон прејадување.

ЛАВ

Работите без прекин, а често гледате на часовникот. Со нетрпение чекате да завршите со обврските и да се посветите на саканата личност. Подготвувате изненадување на партнерката и со нетрпение чекате да ја видите нејзината реакција. Болки во коските.

ДЕВИЦА

Одработувате рутински работи. Се што бара повеќе време и концетрација го оставате за друг ден. Се посветувате на семејството. Многу ви се важни моментите да сте сите заедно во опуштена атмосфера. Проблеми со циркулацијата.

ВАГА

Целосно сте незаинтересирани за обврски. Размислувате за организација на прослави, облека, храна, проверувате да не сте пропуштиле нешто. Во целост се посветувате на брачниот партнер. Проблеми со бешиката или бубрезите.

ШКОРПИЈА

Одработувате мали работни обврски. Се што бара повеќе време и труд, го одложувате. Саканата личност сега ви е најважна. Го посветувате целото слободно време. Кожата е чувствителна.

СТРЕЛЕЦ

Енергични сте и завршувате многу работни обврски. Опуштени сте и духовити и носите добра енергија меѓу соработниците. Планирате интимен дочек на Новата година со саканата личност. Гледајте да не претерате со храна.

ЈАРЕЦ

Воопшто не размислувате за прослава на Нова година. Фокусирани сте на работни обврски и ги работите со полна пареа. Слободното време го минувате со блиска личност во домашна атмосфера. Одлично здравје.

ВОДОЛИЈА

Концетрацијата е никаква. Работата не ве интересира и одработувате некои обврски, додека во суштина чекате да заврши работното време. Уживате во односот со партнерот, му покажувате љубов и колку ви значи. Ограничете го внесувањето на храна.

РИБИ

Вие сте една од ретките личности која е фокусирана на обврските. Слободното време го посветувате на саканата личност. Другата страна се погрижила за романтична атмосфера. Исполнети сте. Добро се чувствувате.

Коронавирус