сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 56
home Хороскоп

Бикот го чека борба, Ракот треба да слабее, Водолиите ги чека среќа: Дневен хороскоп за 17-ти април

Бикот го чека борба, Ракот треба да слабее, Водолиите ги чека среќа: Дневен хороскоп за 17-ти април

Дневен хороскоп за среда, 17-ти април 2019-та година.

ОВЕН

Работа: Доколку имате желба да ја смените работата, денеска е можно да добиете добра прилика за тоа. Бидете храбри да ја прифатите.

Љубов: Подготвени сте да ги покажете своите чувства на личноста која ви се допаѓа.

Здравје: Одлична ситуација.

БИК

Работа: Денеска креативноста ќе биде вашата силна страна. Некои идеи до кои ќе дојдете, ќе ја сврти ситуацијата во позитивен правец.

Љубов: Доколку сте во брак, ве чека борба со разочарување.

Здравје: Потешкотии околу варењето на храната.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Ако денеска започнувате некоја нова соработка бидете внимателни затоа што таа може да биде пресудна на кариерата и на позитивен и на негативен начин.

Љубов: Доколку сте слободни, ве очекува поволен ден за флертување.

Здравје: Избегнувајте цигари.

РАК

Работа: Вашата ситуација на работа е стабилна и немате никакви причини за страв. Може да одморите од стрес и да се препуштите на рутина.

Љубов: Во моменталната ситуација најголема закана во вашата врска е посесивноста која ја покажувате.

Здравје: Поволен период за слабеење.

ЛАВ

Работа: Ако изненадувачки сте се нашле во комплицирана и ризична ситуација на работа, може да очекувате дека решението ќе дојде наскоро.

Љубов: Личноста која ви се допаѓа делува недостапно и не сте сигурни како да го направите првиот чекор.

Здравје: Добро.

ДЕВИЦА

Работа: Денеска ќе ви дојде прилика која долго ја чекате за остварување на своите цели.

Љубов: Се плашите да ја повредите саканата личност и затоа не зборувате толку многу. Бидете свесни дека на долги патеки тоа е неодржливо.

Здравје: Можни се проблеми со грбот.

ВАГА

Работа: Доколку имате било какво судење, денеска е најголема веројатност дека ќе има поволен исход по вас.

Љубов: Ве очекува познанство со личност каква до сега не сте запознаеле.

Здравје: Ќе ви годи физичка активност.

ШКОРПИЈА

Работа: Денешниот ден, како и во целиот нареден период ви се поволни на работниот план.

Љубов: Ви приоѓа многу шармантна личност, но сте се сигурни колку треба да и се „отворите“.

Здравје: Немате проблеми, и добро се чувствувате.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Можни се необични случувања во вашето работно опкружување за кои не сте биле доволно информирани.

Љубов: Ако сте слободни, денешниот ден не е поволен за нови познанства.

Здравје: Водете сметка околу штитната жлезда.

ЈАРЕЦ

Работа: Доколку идете на работно патување, бидете внимателни. Денеска ќе биде тешко да се сконцентрирате.

Љубов: Ве очекува ново познанство со личност која е поврзана со странство.

Здравје: Водете сметка околу внесот на витамини.

ВОДОЛИЈА

Работа: Ако чекате вистинска шанса да ги реализирате своите идеи, тогаш тоа може да биде денеска. Среќата е денеска на ваша страна.

Љубов: Имате прилика да се зближите со личност која веќе долго време е во центарот на вашиот интерес.

Здравје: Одлично сте расположени!

РИБИ

Работа: Доколку неодамна сте почнале некоја приватна работа, денска ќе повлечете некои пресудни потези по тоа прашање.

Љубов: Преиспитајте го изборот на партнерот. Се чини дека не го гледате повеќе на ист начин на кој сте го гледале на почетокот.

Здравје: Избегнувајте благо.