четврток, 22. април 2021. Вести денес: 24
home Хороскоп

Бикот да избегнува караници, Водолијата да внимава со парите

Бикот да избегнува караници, Водолијата да внимава со парите

ОВЕН

На полето работа ќе бидете под предизвик. Наидувате на препреки, во соработката, со договорите, со роковите. Овој ден ја подигнува љубовната енергија, па сега лесно може да оставите силен впечаток на спротивниот пол. Проблеми со дишењето и алергии.

БИК

Избегнувајте караници на работа затоа што може себе повеќе да си наштетите, отколку да постигнете позитивно решение. Зафатените Бикови треба да бидат трпеливи и толерантни. Нема да биде се „подмачкано“, а овие влијание може да донесат до караници и несогласувања. Стабилно, но може малку да ја поправите исхраната.

БЛИЗНАЦИ

Многумина од вас ќе разберат дека не се на вистинското место, па на длабок начин ќе почнат да размислуваат како себе си се гледаат во иднина. Овој ден ќе го посветите на страста, привлечноста и оваа енергија ќе ви го „раздрма“ љубовниот живот од корен. Избегнувајте цигари.

РАК

Поволен период за образование, курсеви, стекнвуање на нови знаења и вештини. Полето на љубов е под силни влијанија на промени, што лесно во вашиот живот може да донесе нова љубов. Водете сметка околу грлото.

ЛАВ

Оние кои се невработени на малку тежок начин ќе дојдат до саканата работа, па морате да се вооружите со трпение, затоа што за подобра работа ќе мора да чекате. Ќе запознаете личност која е по ваша мерка, која ќе ви биде инспиративна и многу интересна. Мала вртоглавица.

ДЕВИЦА

Сега е шанса поволна за напредок на работа, само е потребно да имате повеќе иницијатива. Очекувате поволности врзани за тајна љубов, тајна врска, но бидете внимателни затоа што може да дојде до разоткривање. Имате вишок енергија.

ВАГА

Сега се поволни прилики за спроведување на одличните идеи со наклонетост на колегите и надредените. Периодот на емотивните приспитувања, молчења, сомнителност и незадоволство уште некое време продолжува. Без проблеми.

ШКОРПИЈА

Оние кои се во приватен бизнис имаат поволни влијание за напредок, ширење на работата, и може да остварите многу добра соработка со партнерите. Доколку уште не се вратила личност од минатото за која страдате, сосема е извесно дека ќе се случи сега. Внесувајте повеќе калциум.

СТРЕЛЕЦ

Имате влијанија кои може да ви донесат и некои нови прилики, но и нешто да менувате, да унапредите и да се здружите со колегите. Голема шанса дека ќе почне убава љубовна приказна, која ќе го одбележи вашиот живот. Одмор ви е неопходен.

ЈАРЕЦ

Важно е да не се откажете ако наидете на некои пречки, и својата смисла да ја доведете до крај. Личности во брак може да здивнат затоа што најголемите грижи поминуваат. Чувствителни уринарни патишта.

ВОДОЛИЈА

Бидете внимателни со парите, затоа што ќе имате желба за трошење пари и тоа може да ви донесе проблем. Ако размислувате за развод, одложете ја мислата, затоа што тоа е фаза која ќе помине. Избегнувајте алкохол.

РИБИ

Оние кои се во приватен бизнис, овој месец може да направат голем чекор, особено ако се занимавате со работи со странство. Ова е ден на предизвици, слободна љубов, промени, но и прекини. Проблеми со бубрезите.

Коронавирус