сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 91
home Хороскоп

Бебешки хороскоп: Рибите лесно заспиваат, на Раковите им годи врева

Бебешки хороскоп: Рибите лесно заспиваат, на Раковите им годи врева

Необичниот ритам на потребите а новиот член на семејството некогаш може да биде драматичен за родителите, па не е лошо да ја прочитате оваа анализа на детскиот хороскоп

Детскиот хороскоп е полезен не само заради анализата на афинитетите и капацитетите на детето, здравјето и начинот на одгледување, туку и заради одредување ситните детали кои во животот се забораваат, но додека е бебе се ноќна мора за родителите – спиењето.

Секој човек е индивидуа за себе. Биоритамот е, за околината, првото видливо спојување на новороденчето со природата. Во тој период бебето и родителите не се позанваат, па необичниот ритам на потребите на новиот член на семјеството може да биде драматичен за околината. Честото будење, лесен или длабок сон замена на ноќта и денот, тешкото заспивање се само некои од родителските маки кои може да ги реши детскиот хороскоп.

Ако детето е во подзнак:

Ован, 12. поле во Риби – постелнината треба да биде со мотиви од риби и море, тивка музика, мртва темница.

Бик, 12. поле во Овен – постелнина или креветче во црвена боја, пригушена светлина, тишина.

Близнаци, 12. поле во Бик – да биде застапена зелената боја, амбиентална музика со мотиви од природата.

Рак, 12. поле во Близнаци – креветче наследено од постар брат или сестра, без силни бои и пожелни се глесови во далешина.

Лав, 12. поле во Рак – покрај креветчето држете чинија со вода, амбиентална музика со мотиви од море и вода. Најмногу сакаат да спијат покрај мајката.

Девица 12. поле во Лав – задолжителна светлина и портокалова и жолта боја. Најбрзо се смируваат во близина на таткото.

Вага, 12. поле во Девица – креветчето да е беспрекорно чисто, мало и уредно. Избегнувајте силни бои и светлина.

Шкорпија, 12. поле во Вага – креветче во силни бои, со кружни форми и играчки кои свират или постојано да се слуша сериозна музика.

Стрелец, 12. поле во Скорпија – половно креветче, бордо или кафено, задушена срвена светлина

Јарец, 12. поле во Стрелец – полемо пространо креветче, големи кадифени играчки. Да биде застапена сината боја, без звуци и светлина. Кога ќе потпораснат, најлесно заспиваат гледајќи телевизија.

Водолија, 12. поле во Јарец – мало старинско креветче, колепка од природни материјали и бои. Водете сметка за температурата, на овие бебиња им е ладно во креветче.

Риби, 12. поле во Водолија – брзо заспиваат и колку е погласно, толку им е поудобно. Најважно им е да не се сами. Светлина задолжително.

Коронавирус