недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 37
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Хороскоп

Баба Ванѓа само за еден знак од Зодијакот верувала дека е среќен

Баба Ванѓа само за еден знак од Зодијакот верувала дека е среќен

Баба Ванѓа предвидела многу лоши сценарија и катастрофи, но за еден знак од Зодијакот верувала дека е среќен и дека брзо ќе се збогати.

Се работи за Девицата која е единствен женски знак во Зодијакот. Според Баба Ванѓа тоа е паметен знак кој лесно доаѓа до пари и го користи умот за се. Таа верувала дека ова е можно ако со себе Девицата секогаш си носи среќна амајлија и е еден од ретките знаци за кои таа верувала дека се среќни. Единствена опасност за Девицата е злокобното око на други знаци кои и љубоморат што е чекор пред нив.

Астролошки профил на родените во знакот девица

Девица е единствениот хороскопски знак чиј симбол е жената. По природа девиците се најчесто срамежливи, наивни, конзервативни и воздржани луѓе, кои уживаат во состојбата статус кво.

Девиците се независни луѓе кои умеат сами да си ги завршат своите работи. Често се самоанализираат и понекогаш имаат тешкотија да пронајдат мотивација. Поради тоа, потребен им е некој кој ќе им вели да не бидат толку строги спрема себе и ќе ги охрабрува да успеат во своите цели.

Перфекционисти

Девиците постојано се во потрага по совршенство и живеат уреден живот. Тие не сакаат да гледаат расфрлани алишта, немиени садови или предмети кои не се на своето место. Нередот тотално „ги вади од колосек“ што некогаш буквално мораат да застанат за момент за да земат здив. Ако ви значи некоја личност родена во овој знак, подобро немојте да им создавате неред.

Вечно загрижени

Девиците се грижат буквално за се. Загрижени се ако некаде задоцнат, ако им загорел оброкот или за сѐ што можеби заборавиле да купат од маркет. Родените во знакот девица се грижат буквално за секој детаљ од нивниот живот, без разлика дали тој е битен или небитен.

Односи со семејството и пријателите

Девиците се шармантни, достоинствени и позитивни личности кои убаво се согласуваат со другите луѓе. Тие се добри другари, но им е потребно повеќе време за зближување. Кога еднаш ќе се отворат, веднаш ја добиваат почитта, лојалноста и посветеноста од своите пријатели.

Негативна особина им е нивното вмешување во туѓите проблеми. Пријателите и членовите на семејството може да се почувствуваат како девицата да сака да им го контролира животот. Но оние кои вистински ги познаваат, набрзо сфаќаат дека девицата сака да ги анализира луѓето, со цел да им помогне да си ги решат проблемите.

На љубовен план

Девиците се најчесто привлечни луѓе, но тие не се баш свесни за својата сексапилност. И кога станува збор за љубовта, тие размислуваат логично и сакаат да опипаат дали вреди да се трудат околу некоја врска, пред да им се препуштат на чувствата. Лесно е да се вљубите во некоја девица поради нејзината рамнодушна и кул појава. Да убедите девица дека вие сте вистинскиот избор за неа е навистина успех, бидејќи родените во овој знак се во вечна потрага по совршен партнер. Само доколку успеат да сфатат дека љубовта е несовршена категорија, девиците ќе ја пронајдат својата среќа.

Тие сакаат испланирани состаноци – ништо да не е спонтано. Срамежливи се и се секираат што ќе се случи на љубовниот состанок или за што ќе се прави муабет. Додека врската се уште не е сериозна, тие не сакаат да им поставувате премногу прашања.

Женските девици во љубовта

Припадничките на понежниот пол, кои се родени во знакот девица се тивки и резервирани и кај мажите оставаат впечаток дека глумат недостижни, но тие всушност само си даваат повеќе време за да ги анализираат и сумираат фактите и чувствата, пред да се впуштат во нешто сериозно. На тој начин, тие спречуваат да бидат повредени. Ако решат да бидат во сериозна врска, тие се лојални и посветени на својот партнер. Женските припаднички родени во знакот девица се вистинскиот љубовен избор за оние мажи на кои им се допаѓаат старомодни девојки кои сакаат да „одат пополека“.

Машките девици во љубовта

Мажите родени во знакот девица изгледаат студено однадвор, но во суштина се многу добродушни. Ним им е потребна партнерка со многу трпение, која сака да живее предвидлив живот и ќе има желба да почека додека девицата да одлучи дека е „време да се врзе“. Машките девици не се многу романтични луѓе, но затоа пак се многу искрени, наклонети и лојални кон својот партнер. Тие се совршен избор за оние девојки кои сакаат стабилна и цврста врска, со верен партнер.

Донесувањето одлуки

Некои луѓе мислат дека девиците се неодлучни или дека не умеат да донесуваат одлуки, но тие всушност сакаат убаво да ги „измерат“ работите пред да го направат изборот. Тие се одлични во решавањето проблеми, бидејќи ги одвојуваат сите елементи од конкретната ситуација, ги анализираат секој засебно и потоа повторно ги спојуваат, со цел да донесат вистинска одлука. Рационалното размислување на девиците, обично ги фрустрира другите луѓе.

Домот и кариерата

Девиците се организирани во умот, но не се заинтересирани да го трошат своето време размислувајќи како да си го уредат домот. Најбитно им е да биде чисто, а другото може и да почека.

Во поглед на кариерата, девиците се одлични работници, бидејќи се многу трудољубиви и даваат се од себе за да го прошират своето знаење и да ги усовршат своите вештини.