среда, 14. април 2021. Вести денес: 28
home Хороскоп

Астрологијата открива кога е најдобро време да имате бебе

Астрологијата открива кога е најдобро време да имате бебе

Ѕвездите ви откриваат кога е најдобро време да станете родители.

Овен: 35 години
Жената Овен е многу независна, посветена на своите верувања и зборови. Таа е искрена и импулсивна во своите одлуки. Кога станува збор за раѓањето бебе, жената Овен ќе се согласи на тоа, напуштајќи ја својата удобна зона. Сепак, бебето ја плаши затоа што е премногу самостојна, независна и знае дека детето ќе го смени нејзиниот животен стил. Најдобрата возраст за дете за жената Овен е 30 години и подоцна, кога ќе се чувствува доволно сигурна за да направи таков избор и да се откаже од својата независност.

Бик: 30 години
Жената Бик е премногу одговорна и нема да се осмели да роди дете ако чувствува дека не е подготвена за тоа. Таа е дружељубива и ги сака своите вообичаени активности. Жената Бик е исто така многу упорна, па кога ќе одлучи нешто, никој нема да може да ја разубеди. Нејзината тврдоглавост може да ѝ го замагли видот, па затоа и треба време да открие што навистина сака. Најдобро време за дете е кога таа ќе биде финансиски стабилна и омажена, а нејзиниот сопруг помага да се балансира нејзината склоност кон тврдоглавост.

Близнаци: 32 години
Близнаците се многу интелигентни, харизматични и љубопитни, тие секогаш се трудат да научат нешто од некого и да пораснат за да бидат подобри од порано. Тие се обидуваат постојано да се подобруваат и да се натпреваруваат со себе. Тоа значи дека жената родена во хороскопскиот знак Близнаци ќе сака да ја развива својата кариера до одредена точка, сè додека не се чувствува доволно успешна за да ја насочи својата интелектуална енергија кон друга област.

Бидејќи Близнаците сакаат да се фокусираат на својата кариера, можеби идеално време да имаат дете е по 32-та година од животот.

Рак: 31 година
Жената Рак ќе прерасне во неверојатна мајка, храбра и длабоко поврзана со своите деца на духовно ниво. Проблемот на жената Рак е што е премногу себична за да го стори тоа додека е млада. Таа мора да стекне искуство, да проба сè, да учи од грешките и дури потоа е подготвена да стане најдобрата мајка на светот. Жената Рак мора да верува во себе и во одлуките што ги носи пред да може да го посвети својот живот на воспитување друга личност.

Лав: 33 години
Жената Лав е храбра, точно знае што сака и прави сè за да го постигне посакуваниот успех. Што се однесува до детето, најдобро време за тоа е по 30-тата година, штом нејзиниот живот стане подобар и постабилен. Дотогаш, жената Лав ќе работи напорно за да ја изгради својата кариера и да може да патува низ целиот свет.

Девица: 27 години
Жената Девица е толку рационална и разумна во своите одлуки до тој степен што е здодевна. Таа е навикната да го слуша гласот на својот ум и не обрнува внимание на она што го сака нејзиното срце. Затоа, кога станува збор за раѓањето дете, оваа внимателна и трпелива жена нема ни да размислува за тоа додека главата не ѝ каже дека е вистинско време за тоа. Тоа значи дека најдобро време Девицата да роди бебе е во средината на 20-тите години, бидејќи неочекуваното бебе не е секогаш лошо. Сепак, дури и ако не е емотивно подготвена за бебето, ќе направи сите околу неа да почувствуваат дека сè е во ред и ќе се обиде да биде подготвена во моментот кога ќе се роди бебето.

Вага: 30 години
Жената Вага е многу љубезна и мирна. Таа сака да разговара со другите, да ги анализира проблемите на пријателите и на најблиските и да им помогне да извлечат заклучоци за да продолжат понатаму. Кога станува збор за нејзините сопствени проблеми, жената Вага ќе се обрати до најблиските за совет. Почнувајќи од дваесеттите години, таа ќе патува, ќе се стреми да гради работни односи и кариера и ќе поминува време со луѓето кои ѝ се важни. Ќе почека додека не биде финансиски подготвена за дете, бидејќи не ја гледа поентата во себичната желба да има дете без доволно пари за да го издржува.

Скорпија: 24 години
Жената Скорпија е толку сочувствителна што раѓањето дете е една од најдобрите работи што таа ќе ги направи во својот живот. Скорпијата чувствува сè толку длабоко што кога ќе го види своето дете за прв пат, сè друго почнува да ѝ биде помалку важно. Затоа, најдобро време за раѓање дете е во младоста. Без оглед во која фаза е нејзината врска, Скорпија ќе созрее и ќе го оформи својот живот да му одговара на тоа дете. Без разлика дали е подготвена за бебе или не, жената Скорпија треба да почека додека не биде сигурна во својата врска.

Стрелец: 28 години
Во животот на една жена Стрелец има многу авантури, храброст, грижа и пријатели. Таа е сигурна во својот професионален свет и се обидува да живее достоинствено. Таа е авантурист и храбра личност. Но, поради љубовта кон авантурите, жената Стрелец може да биде несовесна, па детето може да се појави неочекувано. Најдобро време за жената Стрелец да роди дете е секој момент. Таа е неверојатно силна и може да се носи со сè што ќе ѝ подготви судбината.

Јарец: 26 години
Жената Јарец е интелигентна и практична, не прави избрзани активности и не носи одлуки веднаш, особено кога станува збор за раѓањето деца. Жената Јарец е одговорна, мудра и приземна. Таа не сака да биде во центарот на вниманието, туку тајно ќе управува со ситуацијата. Кога станува збор за раѓањето дете, жена Јарец ќе пристапи со целата своја интелигенција и одговорност. Најдоброто време за бебе е кога таа ќе се чувствува професионално, финансиски и емоционално подготвена бидејќи не сака непредвидливост.

Водолија: 34 години
Жената Водолија е верен пријател, страсен љубовник и социјална личност. Сепак, има случаи кога жената Водолија ги чува емоциите за себе, без разлика дали е лута или тажна. Жената Водолија може да биде непредвидлива и несигурна. Тоа е една од добрите причини зошто треба да почека со раѓањето дете додека не почувствува дека е емоционално подготвена за тоа.

Риби: 25 години
И покрај фактот дека финансиската состојба можеби не е најдобра, жената родена во хороскопскиот знак Риби е толку интензивна во своите чувства и постапки што може да го воспита детето со или без маж. Детето ја прави посилна, похрабра и подобра.

Сепак, подобро е да почека додека не наполни 25 години. Таа е многу сочувствителна, лојална и снаодлива и продолжува понатаму, без разлика што ѝ се случило.

Коронавирус