За некои најважни се честа и почитта, за некои најважно нешто во животот е нивната слобода и независност. Откријте ги животните принципи кои го водат вашиот хороскопски знак (а со тоа и вас) низ животот.
Овен
- Не ти се исплати да се расправаш со мене.
- Подобро е да направиш нешто отколку после да се каеш што не си го направил тоа.
- Човек засекогаш останува млад доколку има млад дух.
- Тврдоглавоста не е порок.
- Јас не напаѓам, јас се бранам.
Бик
- Не го сакам туѓото, не го давам моето.
- Кој не сака храна, тој не сака ни луѓе.
- Никогаш не си доволно богат за да купуваш евтино.
- Со будали не ти се исплати да се расправиш.
- Довербата тешко се стекнува, а лесно се губи.
Близнаци
- Никој не знае што носи утрешниот ден.
- Две глави секогаш се попаметни од еден.
- Луѓето само се тешат дека квалитетот е поважен од квантитетот.
- Љубовта проаѓа, пријателите остануваат.
- Досадата е игралиште на ѓаволот.
Рак
- Мојата ќука – моја слобода.
- Кој чека ќе дочека.
- Полесно е да најдеш маана, отколку да ја поправиш.
- Многу често паметните луѓе не се сфатени од другите и им лепат етикети дека се луди.
- Оние кои никогаш не го менуваат мислењето повеќе се сакаат себеси отколку вистината.
Лав
- Подобро да се качиш на врвот на славата отколку да доживееш пропаст.
- Убавото однесување е половина успех.
- Ако нешто правиш, направи го тоа како треба.
- Љубовта која не се покажува доволно – не е љубов.
- На лагата кратки ѝ се нозете.
Девица
- Трпението и упорноста се клуч на успехот.
- Лагата не е зло доколку им прави добро на другите.
- Човекот се запознава во три случаеви: при јадење, богатство и пијанство.
- Трошењето време на нешто што не се исплати е најголема глупост.
- Човек секогаш треба да му верува на мозокот, а ретко на срцето.
Вага
- Среќата е поголема ако се споделува.
- Дипломатијата е патот кон вистинските победи.
- Држењето до принципи понекогаш е глупава работа.
- Држи ги пријателите блиску, а непријателите уште поблиску.
- Љубовта треба да се докаже на дело.
Скорпија
- Ако низ животот не те води страста, тогаш правиш нешто погрешно.
- Волкот го менува влакното, но не и карактерот.
- Сѐ што вреди треба да се заслужи.
- Не познаваш некого додека заедно не изедете кило сол.
- Она што нема да те убие, ќе те направи посилен.
Стрелец
- Подобро е да плачеш со мудриот, отколку да пееш со будалата.
- Вредиш онолку колку што имаш пријатели.
- Не се учи на туѓите, туку на своите грешки.
- Зборовите не вредат ништо без дела.
- Ништо не е тешко кога се сака.
Јарец
- Слаб е оној кој не верува или изгубил верба во себе.
- Времето е пари.
- Лесно е да бидеш генерал после битка.
- Правилата постојат со причина.
- Човек кој не држи до своите зборови – не вреди ништо.
Водолија
- Ако не барам, тогаш тоа не е совет, туку „солење памет“.
- Најголема убавина е да живееш како сакаш.
- Секој се родил сам.
- Љубовта е прекрасна, но и најчеста слабост на луѓето.
- Ако посакуваш непријател – позајми им пари на пријателите.
Риби
- Зошто да форсираш нешто денес, ако можеш тоа да го направиш утре.
- Ветувањата се само пусти зборови.
- Во животот најважна е музиката, смеата и солзите.
- Вистинската љубов љуби поради туѓите мани, а не доблести.
- Тешко е да се разберат другите ако не се разбираш сам себе.