вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Хороскоп

3 хороскопски знаци на кои владеењето на Вагата ќе им донесе среќа во љубовта

3 хороскопски знаци на кои владеењето на Вагата ќе им донесе среќа во љубовта

Со првите есенски денови влеговме во владеењето на Вагата со зодијакот, што ќе трае до 22 октомври.

Влијанието на овој хороскопски знак кој претставува симбол за рамнотежа и хармонија, на многумина ќе им помогне да донесат одлуки што ќе донесат баланс во нивните животи.

Исто така, ова е период во кој три хороскопски знаци особено ќе „ќарат“ од владеењето на Вагата, и тоа најмногу во полето на љубовта.

БЛИЗНАЦИ

На Близнаците им претстои период на многу кокетирање, нови познанства и љубовни состаноци. Ќе „кликнете“ со многу луѓе, но тоа не значи дека веднаш треба да се препуштите на сериозна врска. Во сезоната на Вагата уживајте во флертување, бидејќи нешто посериозно ви следи за време на владеењето на Стрелецот.

ВАГА

Очекувано, ова е време на Вагите! Лесно ќе привлекувате внимание, што ќе ви ја зголеми самодовербата и ќе се осмелите да направите потези што не се вообичаени за вас, како состаноци „на слепо“ или вие да пријдете први на личноста што ви се допаѓа. Бидете отворени за различни луѓе, не се знае каква конекција може да најдете на најнеочекувано место.

ВОДОЛИЈА

Во владеењето на Вагата, Водолиите би можеле да ја запознаат љубовта на својот живот. Големи се шансите да запознаете некој од кој ќе ви се затресат колената. Со оглед на тоа дека ви се допаѓаат луѓе кои се слични на вас, слободно опуштете се и бидете свои.

Извор: kajgana.mk