недела, 18. август 2019. Вести денес: 66
home Хороскоп

12 стереотипи за Шкорпиите кои речиси секогаш се вистинити

12 стереотипи за Шкорпиите кои речиси секогаш се вистинити

Најчестите зборови со кои е опишувана Шкорпијата се интензивна, љубоморна, опсесивна и мистериозна. Но, и некои други хороскопски знаци можат да бидат опишани на овој начин. Па, погледнете ги некои од најпознатите стереотипи за овој знак и што навистина значат.

1. Шкорпиите се релевантни
Можеби ова е подобар опис од мистериозни. Шкорпиите мразат драми и се држат настрана од нив. Но, нивните пријатели често ги споделуваат и најмрачните тајни со Шкорпиите, дури и кога тие не го бараат тоа. Луѓето лесно им веруваат, а Шкорпиите ценат искреност и интегритет.

2. Шкорпиите можат да бидат мистериозни
Шкорпиите стануваат таинствени и мистериозни кога ќе ја изгубат довербата во некого. Често не споделуваат што им се случува во животот, најмногу бидејќи сметаат дека другите ги интересира само за озборување. Поради ова, Шкорпиите изгледаат навистина мистериозно, но имаат добра причина за тоа. Не дека не сакаат да споделуваат, туку го прават тоа само со оние на кои навистина им веруваат.

3. Шкорпиите сакаат да бидат невидливи
Шкорпиите не сакаат да бидат во центарот на случувањата и не сакаат сите да ги гледаат. Понекогаш сакаат да разговараат и можат да кажат нешто духовито или неочекувано, но тоа се случува ретко.

4. Шкорпиите се моќни
Шкорпиите ги имаат сите особини на еден лидер, а тоа ги прави навистина моќни. Тие се силни, и психички и физички. Уживаат во предизвиците и сакаат работите да бидат под нивна контрола.

5. Шкорпиите се независни
Овие луѓе не можат да бидат следбеници. Шкорпиите сакаат да имаат свој живот и потребна им е приватност. Знаат како да ги завршуваат работите, и тоа на правилен начин. Многу добро се грижат за себе. Скорпиите се родени како независни луѓе и во нивната природа е да го прават она што го сакаат.

6. Можат да бидат бунтовни
Шкорпиите можат да бидат лоши и да бидат многу добри во тоа. Ако ги третирате неправедно, нема да поминете добро. Штом еднаш ги изневерите, не очекувајте прошка. Понекогаш Шкорпиите сакаат да живеат на работ и се зависници од адреналин. Тоа им дава чувство на моќ и независност.

7. Шкорпиите се чувствителни
Многу е лесно да навредите Шкорпија. Можете да ги повредите со критика или со одбивање. Но, тие ги ценат луѓето кои се искрени со нив. Шкорпиите се особено чувствителни кога станува збор за личност на која ѝ се восхитуваат. Најемотивните знаци во хороскопот се Риби, Рак и се разбира, Шкорпија.

8. Шкорпиите се лојални
Скорпиите ќе бидат на ваша страна до самиот крај. Тие се одлични брачни партнери и не треба да се грижите дека ќе ве изневерат или излажат. Се разбира, го очекуваат истото за возврат. Ако сте добри кон нив, тие ќе бидат дури подобри кон вас.

9. Шкорпиите се интуитивни
Бидејќи се интуитивни и чувствителни, Шкорпиите ги читаат ситуациите и луѓето подобро од другите. Ги интересираат мистериозни работи и можат да намирисаат лажго на километар. Тие се разбира имаат и шесто сетило и знаат кога некој се чувствува нервозно, исплашено, изолирано…

10. Шкорпиите можат да бидат интензивни
Овој интензитет е повеќе за работите што ги сакаат наместо за нивниот карактер. На пример, неретко Шкорпиите сакаат темно кафе, зачинета храна, адреналин… Тие уживаат во жестокоста на животот. Друго нешто интензивно кај Шкорпиите се нивните мисли и емоции кои не ги покажуваат пред сите. Тие го кријат својот интензитет бидејќи знаат дека многумина нема да можат да се справат со него.

11. Не се секогаш љубоморни
Може да се чувствуваат заштитнички или несигурно, но не се секогаш љубоморни. Тие го ценат она што го имаат и немаат. Веруваат дека сè се случува со некоја причина. Ако нешто добро се случи некому, тие се првите кои ќе прослават.

12. Шкорпиите се искрени
Шкорпиите мразат лаги и не се најдобри во лажењето. Понекогаш можат да бидат и брутални со својата искреност. Исто така, за нивната искреност бараат искреност. Поради ова можат да бидат премногу критички настроени или премногу сериозни.