понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 12
home Хороскоп

11 февруари е посебен: Што Ве очекува овој ден?

11 февруари е посебен: Што Ве очекува овој ден?

Водолијата која ни носи позитивна и иновативна енергија, но и желба за промени, владее во поголем дел од февруари. Под нејзино влијание ќе биде и младата Месечина на 11 февруари која е симбол на нови почетоци и позитивни трансформации.

Погледнете што ги очекува тогаш хороскопските знаци.

Овен

Иако многу посакувате да работите сами, во овој период успешно ќе ви оди тимската работа. Ќе бидете водач на тимот и тоа ќе ви доаѓа некако природно. Мали проблеми во комуникацијата можат да настанат поради ретроградниот Меркур, но издигнете се над ситуацијата и преземете ја одговорноста кога ќе кажете нешто што е прегрубо кон другите. Вие го можете тоа.

Бик

Ве очекува одлична атмосфера на полето на работата. Пред вас е одличен период на сјајни можности што отвора нова врата за напредок и нови почетоци. Прашањето е колку сте подготвени да направите промени.

Близнаци

Во последно време се чувствувате монотоно во секоја ваша рутина. Младата Месечина ве инспирира да ја разбудите својата креативност и да направите некои нови нешта. Почнете со читање нови книги, учење нови вештини и испланирајте некое кратко патување кое ќе ви помогне да ги наполните батериите.

Рак

Ако оваа млада Месечина ви носи многу од вашите потиснати емоции, неплатени долгови и товар, не го сметајте тоа како за нешто тешко, туку како можност за чистење. Таа ве подготвува за ослободување и нов почеток. Соочете се со својата негативна страна и ослободете се од оние работи што не ви помагаат да растете и да бидете среќни.

Лав

Во последно време вашиот љубовен живот е сведен на рутина. Се чувствувате уморно и имате чувство како да тапкате во место. Направете нешто ново и единствено, без оглед на тоа дали сте сами или во врска. Освежете го животот на ова поле.

Девица

Сè што треба да направите за време на оваа млада Месечина е да се организирате, направите нови планови и да ги завршите преостанатите обврски. Ретроградниот Меркур кој ваша владејачка планета ќе ви поставува различни препреки, но не откажувајте се. Време е да се соочите со работите кои ве блокираат.

Вага

Младата Месечина внесува нов живот во вашите активности, проекти и врски и ви носи голема самодоверба. Не дозволувајт да ви избега ваквата инспиративна енергија. Одморете се од секојдневните обврски и дозволете си забава.

Шкорпија

Во последно време научивте многу важни лекции кои се однесуваат на вашиот приватен живот. Оваа млада Месечина ви носи можност да го искористите она што сте го научиле и да се подготвите за нов почеток. Ако имате лоши односи со некои луѓе од минатото, време е да го поправите тоа, за ваше лично добро. Вашите емоции ќе станат подобри кога ќе се ослободите од емоционалниот товар кој го носите во себе.

Стрелец

Обрнете внимание на необичните детали во вашето секојдневие, бидејќи оваа млада Месечина ви помага да ги согледате своите вообичаени комуникации и интеракции од нова перспектива. Искористете ја енергијата за да се поврзете со луѓето околу себе и да ги завршите важните обврски на вашата листа.

Јарец

Оваа млада Месечина ви помага да се посветите на своите финансии. Простете си себеси за финансиските грешки од минатото и направете подобар план кој ќе ви помогне да остварите подобра финансиска ситуација во иднина.

Водолија

Младата Месечина престојува во вашиот знак, а тоа значи дека ќе бидете во центарот на вниманието, бидејќи сите планети се насочени кон вас. Дозволете си себе си да се ослободите од старите навики и облечете нови чевли за нови почетоци. Бидете она што сакате, го можете тоа.

Риби

Се соочувате со силна духовност и моќ на тоа поле. Искористете ја својата интуиција за да поработите на себе и да ја зајакнете својата енергија, а и на тој начин да се поврзете со другите луѓе околу вас. Имате огромна сила во себе, искористете ја.

ЕУРО 2020

Македонија