среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 158
home Комерцијални објави

УНИБанка ги додели паричните награди на десет корисници на Visa картичките од играта „Купи…победи”

УНИБанка ги додели паричните награди на десет корисници на Visa картичките од играта „Купи…победи”

На 30.11.2020 во просториите на УНИБанка беа извлечени десетте добитници на парични награди од наградната игра со Visa „Купи…победи”.

Извлекувањето беше направено во присуство на нотар, претставник на маркетинг агенцијата и директори на дирекции Банкарство за население и Картично работење на УНИБанка.

Како потсетување, УНИБанка заедно со Visa организираа наградна игра која траеше во период од 01.09.2020 до 31.10.2020 година. Во оваа наградна игра право на учество имаа сите полнолетни граѓани , корисници на една од следните картички – Visa Classic Debit, Visa Classic и Visa Gold, издадени од УНИБанка. Условот беше да се купува онлајн или да се плати на ПОС терминал за минимум 500 денари и тоа пет пати.

10-те награди се доделени на клиенти на Банката од Скопје, Охрид, Кавадарци, Струмица и Струга од кои три парични награди од по 60.000,00 денари, три од по 30.000,00 денари, три од по 10.000,00 денари и една парична награда од 100.000,00 денари.

„Јас сум многу изненадена, не очекував дека сум добитник на првата награда. Kога започна играта не помислив дека ќе освојам награда…едноставно ја користев мојата картичка. Ви благодарам!”, изјави Маја, среќната добитничка на паричната награда од 100.000,00 денари.

УНИБанка им честита на добитниците за освоените парични награди.

Најнови вести

Коронавирус