понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 20
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Комерцијални објави

УНИ Банка преку електронско и мобилно банкарство ќе овозможи плаќањата без надомест за трансакции во денари

УНИ Банка преку електронско и мобилно банкарство ќе овозможи плаќањата без надомест за трансакции во денари

Во овој предизвикувачки период за сите нас УНИБанка ја донесе одлуката за клиентите- физички лица, корисници на услугата електронско и мобилно банкарство, плаќањата да се без надомест за трансакции во денари.

Со користење на електронското и мобилното банкарство клиентите ќе имаат можност да ги извршуваат сите банкарски трансакции од дома, директно преку својот мобилен телефон или компјутер. Тоа овозможува едноставно и практично користење на банкарските услуги во секое време и од секое место.

Со мобилната апликацијата My Unibank, клиентите можат брзо, лесно и сигурно да ги проверат состојбите на банкарските сметки и депозитите, да вршат плаќања во реално време со еден клик на својот мобилен телефон. УНИБанка континуирано ја надоградува оваа услуга, отсега клиентите имаат можност сами да отворат трансакциска и депозитна сметка, како и самостојно да ги надополнувате депозитите во секое време, брзо, лесно и сигурно.

Ви овозможуваме заштеда на време, средства и можност да ги завршите Вашите банкарски обврски 24 часа на ден, седум дена во неделата, без дополнителна посета на експозитурите. Во исто време, клиентите на банката имаат пристап и информации за салдата на кредитните и дебитните картички и можат многу лесно да го пронајдат најблискиот банкомат за подигнување на готовина.

„ Ништо не е невозможно. Можеме да направиме сè ако се трудиме доволно – Остани дома е нашата порака ! Сите новости, информации како и вашите прашања може да ни ги испраќате на социјалните мрежи, на веб страницата www.unibank.mk, и на телефонскиот број 02/3286 100 ,02 3111 111 ″. – изјавуваат од Банката.

Коронавирус