понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Комерцијални објави

УНИ Банка донираше 50 нови компјутери на Математичко- Информатичката Гимназија во Скопје

УНИ Банка донираше 50 нови компјутери на Математичко- Информатичката Гимназија во Скопје

УНИ Банка АД Скопје, во соработка со Министерството за образование и наука, овозможи донација за учениците од државната МАТЕМАТИЧКО – ИНФОРМАТИЧКА ГИМНАЗИЈА – Скопје. Донираната IKT опрема е набавена со конфигурации согласно потребите на наставната програма за кои има 50 персонални компјутери и 50 монитори од марката DELL.

МАТЕМАТИЧКО – ИНФОРМАТИЧКА ГИМНАЗИЈА Скопје, е ново државно средно училиште основано во учебната 2020/2021 година, наменето само за остварување на наставни планови и програми за образование на одредени категории на ученици, за кои државата има посебен интерес. Во моментов наставата ја посетуваат 34 талентирани деца. Донираната опрема е од највисока класа и ќе биде искористена во т.н. “Лабораторија” за стекнување на знаења и вештини во областа на математика, информатика и физика.

Со оваа иницијатива, УНИБанка допринесува за успешен развој на информатичкото образование во Северна Македонија – аспект кој во време на пандемија придоби големо значење. И покрај овие услови, УНИБанка уште еднаш докажа дека е една од активните социјално одговорни компании во државата.

За време на свеченоста посебно обраќање кон присутните имаа Министерката за образование и наука, Мила Царовска како и Директорката на училиштето, Јулија Гајдаџиева и Извршниот директор на УНИБанка, Владислав Хаџидинев кој изјави – “Донацијата на Банката им дава на учениците можност да учат и растат и да стекнат практично искуство со најсовремена опрема што претставува „бран на иднината“ во технологијата” .

ЕУРО 2020

Македонија