петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 45
home Комерцијални објави

Течниот нафтен гас – веднаш достапно решение за намалување на штетните гасови од возилата

Течниот нафтен гас – веднаш достапно решение за намалување на штетните гасови од возилата

Транспортот учествува со една четвртина во вкупната емисија на стакленички гасови во Европската Унија и Европскиот зелен договор предвидува нивно намалување за 90 проценти до 2050 година. За остварување на таа цел Европската Унија работи на зголемување на достапноста на одржливите алтернативни горива за транспорт и предвидува до 2025 година на европските патишта да има околу тринаесет милиони возила со 0 или ниска емисија на гасови.

Во алтернативни горива според дефиницијата на Европската Комисија влегуваат: струјата, хидрогенот, биогоривата, синтетичките и парафинските горива, природниот гас (вклучително и биометанот), метанот или компресираниот природен гас – CNG, течниот природен гас (LNG) и течниот нафтен гас (LPG). Додека за лесните патнички и товарни возила има построги таргети и крајна цел кон целосна електрификација на возниот парк, фокусот на тешките товарни возила и автобуси повеќе е насочен кон алтернативните горива како LPG и CNG.

Од сите алтернативни горива моментално достапни на пазарот, течниот нафтен гас е најдобро краткорочно решение за конвертирање на постојната флота лесни возила, додека CNG или метанот е најдобро решение за конвертирање на флотата тешки возила, вклучително и автобусите во градскиот јавен превоз.

Додека електричните возила не станат достапни за нашите граѓани, автогасот е најразумното решение за нашата држава што веднаш може да даде видливи резултати преку конвертирање на постојната флота на лесни и тешки бензински и дизел-возила.

Течниот нафтен гас, или скратено ТНГ, е гасно гориво кое повеќе години е достапно на нашиот пазар и има широка употреба. Во нашата држава веќе е оформена задоволителна мрежа на бензински станици и сервиси за инсталирање и одржување на уредите за погон на возилата со ТНГ.

Освен пониската цена од бензинот и дизел-горивото, во издувните гасови на возилата што користат автоплин присуството на штетни гасови е значително помало. ТНГ горивото не содржи бензен или олово, најштетните супстанци што се наоѓаат во другите горива, така што при негово согорување не се создаваат ситни честички, што се еден од главните извори на загадување во градовите.

Со ниската цена за конвертирање на постојните бензински возила, погонот со ТНГ претставува одлично и брзо решение за што повеќе „чисти“ возила на нашите патишта.

Природниот гас или метанот е гасно гориво кое освен што е почисто има значителни предности и во однос на економичноста на горивото во споредба со бензинот и дизел-горивата. Додека конвертирањето е поскапо во споредба со автоплинот, главната предност на метанот е што може да се користи за пренамена и на тешки и на лесни возила без разлика дали имаат бензински или дизел погон. Затоа тој наоѓа голема примена во тешкиот транспорт и градскиот автобуски превоз.

Метанот е најекономично гориво во споредба со другите горива, а истовремено е поевтино од бензинот и дизел-горивото. Возилата кои користат метан како погонско гориво имаат и до една третина пониска емисија на CO2 во споредба со бензинот, а истовремено и значително е намалена и емисијата на ситни честички и азотни оксиди што придонесува за зачувување на животната средина.

Коронавирус