сабота, 8. август 2020. Вести денес: 0
home Комерцијални објави

Настапувачите на Гала вечерта на Dance OFF ги освоија срцата на публиката (ФОТО)

Настапувачите на Гала вечерта на Dance OFF ги освоија срцата на публиката (ФОТО)

Скопје викендот беше домаќин на најзабавниот и најинтересен меѓународен натпревар во танцување, Dance OFF. Истиот беше организиран во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“ од страна на танцовите студија „Eat the beat“ и „Break a leg“. Оваа е 4-та година по ред од кога се одржува Dance OFF и во 2019 се почуствува дека беше исполнет со 4 пати повеќе енергија.

Dance OFF е во склоп на настаните на светската танцова федерација (ИДО) и имаше над 2.700 учесници од 17 држави како Македонија, Бугарија, Грција, Кипар, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Данска, Русија, Полска, Словачка, Италија, Словенија, Романија, Украина и други. Најдоброто од викендот беше на Гала вечерта во неделата каде настапија 18-те финалисти од двата дена. Од нив првото место го освои кореографијата „Disconnected“, второто „Work hard, play hard“ и третото „Momma I hit a lick“.

„За следното издание очекувајте уште повеќе!“ порачаа организаторите Трајче Петковски и Илија Карадакоски пред присутните.

Главни покровители на самиот настан се Министерство за Култура и ЕСМ, главен спонзор ЕКОТЕХ, а поддржувачи Тав аеродроми, Битсиани, ИН Такси, Метрополис, Сити радио, Клуб ФМ, Вива и Орбит.

Коронавирус